Франш Конте: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Менува: af:Fraintche-Comtè
с r2.7.2) (Бот Менува: af:Franche-Comté; козметички промени
Ред 31:

'''Франш-Конте''' ({{IPA-fr|fʁɑ̃ʃ kɔ̃te}}; [[франко-контски јазик|франко-контски]]: ''Fraintche-Comtè''; {{lang-frp}}:''Franche-Comtât'') е [[Региони во Франција|регион]] и [[Провинции во Франција|традиционална провинција]] во источна Франција. Се состои од [[Департмани во Франција|департманите]]: [[Ду (департман)|Ду]], [[Јура(департман)|Јура]], [[Горна Сона]] и [[Територија Белфор ]] и има 1,159,000 жители (2008).

Позначајни градови се градовите [[Безансон]], [[Белфор]], и [[Монбелјар]]. Други значајни градови се [[Дол (Јура)|Дол]] (престолнина пред регионот да биде освоен од страна на [[Луј XIV од Франција|Луј XIV]] во доцниот 17-ти век), [[Везул]] (главен град на Горна Сона), [[Арбоа]] ("винската престолнина" на Јура), и [[Лон-ле-Соние]] (главен град на Јура).

== Историја ==

Регионот бележи човечко присуство уште во времето на [[Палеолит]]от и бил населен од страна на [[Гали]]те. Во 5 век бил дел од териториите на [[Алемани]]те а потоа и дел од [[Бургунди|Кралството Бургундија]] од 457 до 534. Бил [[Христијанство|христијанизиран]] под влијание на [[Свети Колумбан]], кој тука основал неколку [[манастир]]и. Во 534, станал дел од [[Франки|франското]] кралство. Во 561 бил дел од меровиншкото кралство Бургундија, под власта на [[Гунтрам]], третиот син на [[Клодовик I]]. Во 613, [[Клотар II]] го обединил франското кралство под своја власт а регионот останал дел на Кралството Бургундија за време на Меровинзите и Каролинзите.
Регионот потпаднал под власт на [[Свето Римско царство| Светото римско царство]] во 1034 и тој дефинитивно се отцепил од војводството Бургундија сé дури повторно не станал дел од Франција во 1477. Таа година во [[Битка кај Нанси|битката кај Нансси]] во текот на [[Бургундски војни|Бургундските војни]], бил убиен во битка последниот војвода [[Карло Ќелавиот]]. Регионот преминал под власт на [[Австрија]] во 1481 и Шпанија во 1556. Франција го повратила овој регион во 1668 но го вратила со [[Договор од Екс-ла-Шапел (1668)|договорот од Екс-ла-Шапел]]. Тој по вторпат бил освоен во 1674, и конечно бил отстапен на Франција во 1678. Енклави како [[Монбелијар]] останале надвор од француска контрола.
Од 1851 до 1946 населението се намалило за една петтина поради миграцијата село-град (најмногу во Горна Сона и Јура).

Ред 82:
По францускиоте локални избори во 2007, двајца советници се припадници на [[Социјалистичка партија (Франција)|социјалистите]] а единаесет на [[Унија за народно движење|УМП]]. 55% од жителите на Франш-Конте на претседателските избори својот глас го дале за [[Никола Саркози]] во вториот круг на [[Претседателски избори на Франција (2007)|претседателските избори во 2007]]. Со регионот раководи [[Мари-Маргерит Дифе]], припадничка на Социјалистичката партија.

== Географија ==
[[Податотека:Cret Pela.jpg|thumb|лево|150px|[[Крет Пела]]]]
[[Податотека:Barrage Lac de Vouglans.JPG|thumb|лево|150px|Езерото[[Вуглан]] во [[Јура (департман)|Јура]]]]

=== Местоположба ===
Франш-Конте се наоѓа во западно-централниот дел на [[Европа]]. Сместен во источниот дел на Франција се граничи со [[Швајцарија]] во близина на [[Германија]] и [[Италија]].

=== Топографија ===
Франш-Конте е планински регион и содржи значаен дел од планинскиот масив [[Јура]], на границата со [[Швајцарија]].
На север од регионот се наоѓа планинскиот масив [[Вогези]] (еден дел од [[Алзаски Балон|Алзаскиот Балон]] се наоѓа во Франш-Конте). Трите највисоки планински врвови се [[Крет Пела]] на височина од 1495 метри (во Јура), [[Златен рид (Ду)|Златниот рид]] на височина од 1463 m во департманот Ду и [[Алзаски Балон]] на височина од 1247 метри во територијата Белфор. Повисоките врвови на масивот [[Јура (планински масив)| Јура]] се наоѓаат во [[Швајцарија]] или во департманот [[Ен (департман)|Ен]].

=== Хидрографија ===
Регионот поседува речна мрежа во должина од 5350 км од кои на 4549 км можен е риболов а 320 км од реките се пловни..
Главни реки во регионот се [[Сона (река)|Сона]], [[Ен (река)|Ен]], [[Куизанс]], [[Ду (река)|Ду]], [[Лу]], [[Оњон (Франш-Конте)|Оњон]], [[Биен (река)|Биен]], [[Валуз (притока на Ен)|Валуз]], [[Сиран (река)|Сиран]], [[Сеј (Сона)|Сеј]], [[Ерисон (река)|Ерисон]], [[Савурез]], [[Отриш (река)|Отриш]], [[Ален]] или Алан (во Франција), [[Лизон (река)|Лизон]].
Се бројат и 80 природни или вештачки езера како [[Рус (езеро) Рус]], [[Шален (езеро)| Шален]], [[Верноа (езеро)|Верноа]], езерото [[Ламура (езеро)]], [[Везул-Вевр (езеро)| Везул-Вевр]], [[Сен-Поан]], [[Реморе]], [[Нарле (езеро)| Нарле]] и познатото езеро [[Вуглан]] која е трета француска акумулација со своите 605 милиони кубни литри вода.

=== Население ===
Населението во регионот броело {{formatnum:1151000}} жители во [[2007]]. Порастот на населението изнесувал околу 0,20 % годишно меѓу [[1990]] и [[1999]]<ref>[http://www.insee.fr/fr/region/rfc/ficdoc_frame.asp?ref_id=5391&doc_id=5274; Variation de population en Franche-comté] Insee; 2003</ref>.
Од демографски аспект, Франш-Конте е релативно густо населен иако на високите висорамнини и басени населението се раселило во градовите напуштајќи ги селата и малите градови. Од друга страна има два големи демографски басени и двата ситуирани во департманот [[Ду (департман)|Ду]]. Во [[Безансон]] и околината, живеат повеќе од {{formatnum:220000}} жители и тој е најзначајниот град во регионот. Само во градот Безансон има {{formatnum:134000}} жители, потоа следат [[Монбелиар]], {{formatnum:117000}} жители и [[Белфор]], {{formatnum:92400}} жители.
Ред 242:

== Економија ==
[[Податотека:Musée Peugeot Sochaux.jpg|thumb|right|150px|Музеј на Пежо во [[Сошо]]]]
Земјоделското производство се потпира на одгледување говеда (Монбелијард) и производство на сирење. Значајно е и одгледувањето на житните култури (144 380 ha) и маслодајните култури (38 450 ha) <ref>DRAAF Besançon, Service régional de l'information statistique et économique, ''Mémento de la statistique agricole'' édtion 2010, p. 14</ref>. Регионот поседува и виногради во областа Јура и и се произведува вино од пет различни сорти. Значајно е и шумартството со самиот факт дека шумите опфаќаат 42% од вкупната територија на регионот.
Ред 260:
</gallery>

=== Јазик ===
Жителите на Франш-Конте освен на службен француски јазик зборуваат и на други два јазика:
*Франко-конски јазик, на север
*Франкопровансалски, на југ
==== Франко-контски јазик ====
Франко-контскиот јазик
<ref>[http://www.identitecomtoise.net/langues_franche_comte_le_franc_comtois.php; Le franc-comtois]</ref> е дијалект кој припаѓа на јазиците оил и се зборува во Франш-Конте. Се користи во [[Јура]] во [[Швајцарија]]. Франко-контскиот јазик е дел од групата јазици во кои спаѓаат и [[пикардиски јазик| пикардискиот]], [[валонски јазик |валонскиот]] како и [[лоренски јазик| лоренскиот]]. Овие јазици имаат заеднички карактеристики а воедно и германско влијание.
Јазикот се зборува во [[Горна Сона]], [[Територија Белфор]], [[Ду (департман)|Ду]], во дел на источна [[Јура (департман)|Јура]], како и во кантонот Јура во Швајцарија и во еден мал дел на департманот [[Горна Рајна]] во Алзас.

==== Франкопровансалски јазик ====
Јужниот дел на Франш-Конте (јужно во департманите Јура и Ду) зборува на « [[франкопровансалски јазик]] » <ref>[http://www.identitecomtoise.net/langues_franche_comte_le_francoprovencal_ou_arpitan.php; Le francoprovençal]</ref>.
Франкопровансалскиот е еден од трите големи романски јазици, заедно со
[[окситански јазик| окситанскиот]] (''јазик ок'') и групата ''оил''. Овој јазик поседува бројни локални варијанти и се дели на бројни дијалекти. Постои дијалектална варијанта која се зборува на југот на Франш-Конте наречена [[јурски јазик|јурски јазик]].

=== Културно наследство ===
Регионот благодарение на бурното минато бележи големо културно наследство а воедно се карактеризира со зачувани питорескни села. Едни од позначајните споменици на културата се:
* [[Тврдината во Безансон|Тврдината во Безансон]] е една од најубавите тврдини на [[Вобан]] и е дел на светското културно наследство на [[УНЕСКО]].
* [[Кралска солана во Арк и Сенан|Кралската солана]] е дело на архитектот [[Клод Никола Леду]] и е дел од [[Список на светското културно наследство|светското културно наследство]] на УНЕСКО.
* [[Лавот од Белфор]] е скулптура на [[Фредерик Бартолди]]. Делото симболизира јуначки отпор на Белфор против пруската војска 1870-1871.
Ред 289:
</gallery>

== Познати личности ==
[[Податотека:Tableau Louis Pasteur.jpg|right|thumb|150px|[[Луј Пастер]] е роден во 1822 во [[Дол (Јура)|Дол]] (''Слика на [[Алберт Еделфелт]]'')]]

[[Гистав Курбе]],

[[Виктор Иго]],

[[Папа Каликст II|Папата Каликст II]],

[[Луј Пастер]],

[[Жорж Кивие]],

[[Тристан Бернар]],

[[Пјер Верние]]

== Наводи ==
Ред 305:
{{coord|47|00|N|6|00|E|region:FR_type:adm1st|display=title}}

== Книжевни дела ==
* {{fr}} Guy Louis Anguenot, ''nouvelles comtoises''
* {{fr}} Denis Maraux et Véronique Vuillemin-Filippi, ''Franche-Comté'', Déclics, 2004 (ISBN 2-84768-053-5)
* {{fr}} [[Jean-François Solnon]], ''Quand la Franche-Comté était espagnole'', Fayard, 1989 (ISBN 978-2-213-02339-7)

== Надворешни врски ==

* [http://www.franche-comte.fr Регионален совет на Франш-Конте]
Ред 326:
[[Категорија:Поранешни француски покраини]]

[[af:FraintcheFranche-ComtèComté]]
[[als:Franche-Comté]]
[[ar:فرانش كونته]]