Микена: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Микенските гробници
+ слика
Ред 14:
 
==Микенските гробници==
[[Податотека:Mycenaean Treasure.jpg|thumb|right|Мечеви и пехари]]
Откопувањата на Микена прв ги започнал [[Шлиман]] во [[1874]] година. Како резултат на тие откопувања и подоцнежните долгогодишни археолошки истражувања на копното, најдени се редица споменици од истата епоха и од ист тип како и микенските, па целата таа култура го добила името [[микенска култура.]]
 
Населбите на микенскиот брег изгледа дека потекнуваат од вториот милениум пред нашата ера. На ова подрачје никогаш не се најдени керамики од претходните периоди. Тешко може да се каже што претставувала таа прва населба, и дали одбранбените ѕидови постоеле во првите векови од постоењето на оваа населба. Тврдината и најстарите споменици потекнуваат од преминот меѓу 15 век п.н.е. и 14 век п.н.е.<ref>В.В. Струве, Д.П. Калистов: „Стара Грција“, Веселин Маслеша, Сараево, 1969, стр. 48.</ref> Шлиман открил шест гробници кои потекнуваат од крајот на 17 век п.н.е. и почеток на 16 век п.н.е. Тоа се правоаголни дупки исечени во карпите, кои долго време се сметале за најстари објекти на микенската епоха. Но, во периодот од 1951-1955 година, во Микена се пронајдени уште 24 гробници кои потекнуваат од тој период. Од горе, секоја гробница била покриена со прицврстена камена плоча, а потоа биле прекриени со земја. Овие гробови се користеле повеќепати, отворани се, остатоците од претходниот покојник се тргани на страна за да се направи место за новиот покојник, кој е спуштан внатре и повторно гробот е затворан со плочата и покриен со земја. Во некои од тие гробници се наоѓа само по еден костур, а во други дури до четири.
 
Инвентарот од гробниците е богат. Шлиман во една гробница открил дури 870 предмети,<ref>В.В. Струве, Д.П. Калистов: „Стара Грција“, Веселин Маслеша, Сараево, 1969, стр. 48.</ref> повеќето од нив златни, а меѓу нив има дијадеми, ланчиња, златни и сребрени пехари богато украсени со релјефи, мечови и ножеви совршено изработени, прстени, предмети од слонова коска, стакло, фајанс, горски кристал, една вазна од алабастер, приврзоци и златни плочки во форма на листови, цвеќиња, пеперутки, сфинги и морски животни, скапоцени камења и друго. Според стилот и техниката како се изработени, најголемиот број од овие предмети се критски. Нема сомневање дека некои од тие предмети се донесени од Крит, посебно оние изработени од материјали кои ги немало во околината на Микена: слонова коска, скапоцени камења, ноеви јајца, како и предметите на кои се изгравирани имиња на египетските фараони од Новото Царство.
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Микена