Микена: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
CocuBot (разговор | придонеси)
с r2.6.1) (Бот Менува: oc:Micenas
Микенските гробници
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Mycenae lion gate dsc06382.jpg|мини|250п|десно|Лавовската порта на влезот во [[Микена]].]]
'''Микена''' (на [[Старогрчки јазик|старогрчки]]: Μυκῆναι, [[Грчки јазик|грчки]]: Μυκήνες) е [[Археологија|археолошко]] наоѓалиште во [[Грција]] кое се наоѓа околу 90 km југозападно од [[Атина]], во североисточниот дел на [[Пелопонез]]. [[Хомер]] ја нарекувал „обилна со злато“.
 
Во вториот милениум п.н.е., Микена била еден од најважните центри на грчката цивилизација и воено утврдување кое доминирало на голем дел од јужна Грција. Периодот на [[Историја на Грција|грчката историја]] од [[1600 п.н.е.]] до околу [[1100 п.н.е.]] се нарекува [[Микенска култура|микенски период]].
Ред 8 ⟶ 7:
 
Се верува дека [[акропол]]от или "високиот град" на Микена е утврден во раниот [[15 век|XV]] век п.н.е. на основата на еден пронајден гроб од тој период. Околу [[1350 п.н.е.]], акрополот и околните ридови одново се соѕидани во "киклопски стил", бидејќи блоковите од карпи биле толку големи што во подоцнежните векови се верувало дека ги граделе еднооки суштества познати како [[киклоп]]и. Во внатрешноста на ѕидините се изградени монументални палати.
 
==Местоположба==
Микена се наоѓала на [[Пелопонез]] во [[Арголида]]. Планинските карпи во оваа област на неколку места ја пресекуваат ридската долина, која денес се смета за најнеплодна област на Пелопонез, кој и без друго е сиромашен со вода. Главна река во оваа област е Инах, чиј извор се наоѓа во планините, но најмногу вода добива од дождовите. Во лето сосема пресушува.<ref>В.В. Струве, Д.П. Калистов: „Стара Грција“, Веселин Маслеша, Сараево, 1969, стр. 46.</ref>
 
Овде се наоѓале најстарите градови: [[Аргос]], [[Тиринт]] и [[Микена]], оддалечени од морскиот брег на 18 км. Градот се наоѓал на надморска височина од 278 м,<ref>В.В. Струве, Д.П. Калистов: „Стара Грција“, Веселин Маслеша, Сараево, 1969, стр. 47.</ref> и бил сместен меѓу два рида. Од воено-стратешки поглед, положбата на градот Микена била многу поволна, затоа што градот доминирал на тоа подрачје.
 
==Микенските гробници==
Откопувањата на Микена прв ги започнал [[Шлиман]] во [[1874]] година. Како резултат на тие откопувања и подоцнежните долгогодишни археолошки истражувања на копното, најдени се редица споменици од истата епоха и од ист тип како и микенските, па целата таа култура го добила името [[микенска култура.]]
 
Населбите на микенскиот брег изгледа дека потекнуваат од вториот милениум пред нашата ера. На ова подрачје никогаш не се најдени керамики од претходните периоди. Тешко може да се каже што претставувала таа прва населба, и дали одбранбените ѕидови постоеле во првите векови од постоењето на оваа населба. Тврдината и најстарите споменици потекнуваат од преминот меѓу 15 век п.н.е. и 14 век п.н.е.<ref>В.В. Струве, Д.П. Калистов: „Стара Грција“, Веселин Маслеша, Сараево, 1969, стр. 48.</ref> Шлиман открил шест гробници кои потекнуваат од крајот на 17 век п.н.е. и почеток на 16 век п.н.е. Тоа се правоаголни дупки исечени во карпите, кои долго време се сметале за најстари објекти на микенската епоха. Но, во периодот од 1951-1955 година, во Микена се пронајдени уште 24 гробници кои потекнуваат од тој период. Од горе, секоја гробница била покриена со прицврстена камена плоча, а потоа биле прекриени со земја. Овие гробови се користеле повеќепати, отворани се, остатоците од претходниот покојник се тргани на страна за да се направи место за новиот покојник, кој е спуштан внатре и повторно гробот е затворан со плочата и покриен со земја. Во некои од тие гробници се наоѓа само по еден костур, а во други дури до четири.
 
Инвентарот од гробниците е богат. Шлиман во една гробница открил дури 870 предмети,<ref>В.В. Струве, Д.П. Калистов: „Стара Грција“, Веселин Маслеша, Сараево, 1969, стр. 48.</ref> повеќето од нив златни, а меѓу нив има дијадеми, ланчиња, златни и сребрени пехари богато украсени со релјефи, мечови и ножеви совршено изработени, прстени, предмети од слонова коска, стакло, фајанс, горски кристал, една вазна од алабастер, приврзоци и златни плочки во форма на листови, цвеќиња, пеперутки, сфинги и морски животни, скапоцени камења и друго. Според стилот и техниката како се изработени, најголемиот број од овие предмети се критски. Нема сомневање дека некои од тие предмети се донесени од Крит, посебно оние изработени од материјали кои ги немало во околината на Микена: слонова коска, скапоцени камења, ноеви јајца, како и предметите на кои се изгравирани имиња на египетските фараони од Новото Царство.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{УНЕСКО-заштитен}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Микена