Историја на книжевноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
:''Главна статија: [[Грчка книжевност]]''
[[Податотека:Iliad VIII 245-253 in cod F205, Milan, Biblioteca Ambrosiana, late 5c or early 6c.jpg|thumb|[[Илијада]], Книга VIII, 245-53, грчки ракопис, кон крајот на 5-ти и почетокот на 6 век по Христа.]]
Старогрчката литература е најстарата запишана литература на територијата на денешна [[Европа]]. Таа се создавала врз основата на [[старогрчката митологија]]. Литературните почетоци се врзуваат за еолските и јонските градови во Азија, каде што се развила поезија во која се опевале подвизите на легендарните јунаци. Од таа богата книжевност останати се две ремек-дела [[Илијада]] и [[Одисеја]], а името на човекот кој ги испеал - [[Хомер]]. Од 8 век п.н.е. потекнува спевот „''Теогонија (Раѓање на Боговите)''“, кој го испеал [[Хесиод]]. Додека Хомер се смета за татко на јуначкиот еп, Хесиод пеел митолошко-поучен еп, кокој јзборувазборува за настанувањето на светот.
 
Меѓу 7 век п.н.е. и 5 век п.н.е. културата и уметничкиот живот себиле многу богати. Во големите светилишта [[Делфи]] и [[Олимп]] се одржувале светите игри, религиозни фестивали на кои се натпреварувале спортисти, но и поети. Книжевните дела на поединци биле високо вреднувани. Најстар вид лирска песна била [[елегија]]та, која на почеток воопѓтовоопшто не била тажна песна, туку морализаторска, која поучува. Елегии пишувале [[Калин од Ефес]], [[Тиреј од Спарта]], како и [[Солон]], атинскиот законодавец. Меѓу најпознатите лирски автори се: поетесата [[Сафо]], [[Анакреонт]] кој ја опевал животната радост, љубовта и гозбите, [[Пиндар]], автор на обемно дело од кое останале зачувани само [[Епиникии]]те, и други.
 
Театарската уметност се развила во три драмски облика: [[трагедија]], [[комедија]] и [[сатирска игра]]. Публиката која ја следела претставата се поистоветувала со главниот јунак и со неговата способност да се жртвува себеси заради некое општо добро. На тој начин, гледачот се подготвувал за херојски дела. Првите претстави се играле во самите храмови, а подоцна се граделе камени [[амфитеатар|амфитеатри]], кои ја зголемувале звучноста на сцената. Во Македонија такви амфитеатри има во ископините на [[Стоби]], во [[Хераклеја]] и во [[Охрид]].
 
===Староримска литература===