Историја на книжевноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 45:
==Средновековна литература==
:''Главна статија: [[Средновековна книжевност]]''
[[Image:Lesnovo-Parenesis.jpg|thumb|200px|Фрагмент од Лесновскиот паренезис]]
Средновековната книжевност е создадена во духот на актуелните општествени сознанија со доминантен акцент на црковната христијанска идеологија. Средновековните романи и раскази биле омилен жанр, покрај христијанските и библиските содржини.
Средновековната литература е составена од богат систем на жанрови и родови. Скоро сите жанрови биле преземени од византиската литература.<ref>Група автори: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, 2006, стр. 266</ref> Основната структура се градела врз библиските текстови. Расказите и романите биле преводи или преработки на тогаш најпознатите светски дела, со белези на рицарски морал. Првите оригинални раскази настанале во периодот од [[9 век]] до [[12 век]]. Меѓу романите, најстар и најпознат е „Романот за Александар Македонски“, кој потекнува од [[2 век]] или [[3 век]], напишан од [[Псевдо-Калистен]] од Александрија. Овој роман е поставен на фантастична основа, со интересно испреплетени легендарни приказни за [[Александар Македонски]], како и историски податоци за него.