Историја на книжевноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Средновековна книжевност
Ред 44:
 
==Средновековна литература==
:''Главна статија: [[Средновековна книжевност]]''
Средновековната книжевност е создадена во духот на актуелните општествени сознанија со доминантен акцент на црковната христијанска идеологија. Средновековните романи и раскази биле омилен жанр, покрај христијанските и библиските содржини.
Средновековната литература е составена од богат систем на жанрови и родови. Скоро сите жанрови биле преземени од византиската литература.<ref>Група автори: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, 2006, стр. 266</ref> Основната структура се градела врз библиските текстови. Расказите и романите биле преводи или преработки на тогаш најпознатите светски дела, со белези на рицарски морал. Првите оригинални раскази настанале во периодот од [[9 век]] до [[12 век]]. Меѓу романите, најстар и најпознат е „Романот за Александар Македонски“, кој потекнува од [[2 век]] или [[3 век]], напишан од [[Псевдо-Калистен]] од Александрија. Овој роман е поставен на фантастична основа, со интересно испреплетени легендарни приказни за [[Александар Македонски]], како и историски податоци за него.
 
===Средновековна словенска писменост===
:''Главна статија: [[Средновековна македонска книжевност]] и [[Средновековни книжевни школи]]''
Sредновековниот период во [[Македонија]] се карактеризира со дејноста на две книжевни школи: [[Охридска книжевна школа|Охридската]] и [[Кратовска книжевна школа|Кратовската]]. Ракописите од Охридската и од Кратовската школа се совпаѓаат едни со други според повеќе правописни и јазични особености, и ја претставуваат македонската варијанта на [[црковнословенски јазик|црковнословенскиот јазик]].
 
===Средновековна англиска книжевност===
:''Главна статија: [[Англиска книжевност#Средновековна книжевност (Middle English Literature) (1150–1500)]]''
Оваа книжевност се дели во три категории: религиозна, љубовна и артуровска. Меѓу најдобрите дела од овој период се сметаат „Орачот Пирс“ од Вилијам Ленгленд, „[[Кантербериски приказни]]“ од [[Џефри Чосер]] и „[[Сер Гавејн и зелениот витез]]“.
 
Најзначајниот автор од ова време е Џефри Чосер, кој пишувал кон крајот на 14 век. Чосер често се смета за таткото на англиската книжевност и за прв автор кој ја покажал уметничката сила на народниот англиски јазик, наспроти францускиот или латинскиот. „Кантербериски приказни“ му се најважното дело.
 
Дека имало повеќејазична читателска публика во 14 век може јасно да се покаже со примерот на [[Џон Гауер]], кој пишувал на латински, средноанглиски и англонормански.
 
 
== Наводи ==