Историја на книжевноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Хебрејска литература
Ред 34:
Меѓу 7 век п.н.е. и 5 век п.н.е. културата и уметничкиот живот се многу богати. Во големите светилишта [[Делфи]] и [[Олимп]] се одржувале светите игри, религиозни фестивали на кои се натпреварувале спортисти, но и поети. Книжевните дела на поединци биле високо вреднувани. Најстар вид лирска песна била [[елегија]]та, која на почеток воопѓто не била тажна песна, туку морализаторска, која поучува. Елегии пишувале [[Калин од Ефес]], [[Тиреј од Спарта]], како и [[Солон]], атинскиот законодавец. Меѓу најпознатите лирски автори се: поетесата [[Сафо]], [[Анакреонт]] кој ја опевал животната радост, љубовта и гозбите, [[Пиндар]], автор на обемно дело од кое останале зачувани само [[Епиникии]]те, и други.
 
Театарската уметност се развила во три драмски облика: [[трагедија]], [[комедија]] и [[сатирска игра]]. Публиката која ја следела претставата се поистоветувала со главниот јунак и со неговата способност да се жртвува себеси заради некое општо добро. На тој начин, гледачот се подготвувал за херојски дела. Првите претстави се играле во самите храмови, а подоцна се граделе камени [[амфитеатар|амфитеатри]], кои ја зголемувале звучноста на сцената. Во Македонија такви амфитеатри има во ископините на [[Стоби]], во [[Хераклеја]] и во [[Охрид]].
 
==Хебрејска литература==
Главно дело на еврејската традиција е [[Библија]]та. Зборот biblia на [[старогрчки јазик]] значи [[книга]]. Од нејзиното комплетирање во 4 век од нашата ера, кога [[Европа]] преку [[Византија]] и [[Рим]] официјално го прифаќа [[христијанство]]то, и сè до [[ренесанса]]та, сите одговори европскиот човек ги барал во оваа „Книга над книгите“. Таа е разновидна збирка на текстови кои настанале во долг временски период, почнувајќи од [[13 век п.н.е.]] Поделена е на два дела: [[Стар Завет]] и [[Нов Завет]]. ''Стариот Завет'' е света книга на [[јудаизам|јудаизмот]], содржи 50 книги во кои се изнесува историјата на еврејскиот народ од најстари времиња до појавата на [[Исус Христос]]. ''Новиот Завет'' содржи 27 книги во кои се зборува за делата на Исус Христос и неговите апостоли.
 
== Наводи ==