Историја на книжевноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Антика
Ред 22:
:''Главна статија: [[Кинеска книжевност]]''
Иако не е најстара, кинеската литература има најдолга историја на ист јазик. Најстарите пишани споменици кои потекнуваат од вториот милениум пред нашата ера, немаат литературна вредност. Тука спаѓа книгата со пророштва [[И Чинг]] („Книга на промени“), една од најнеобичните книги кои постојат. Најважното дело на [[таоизам|таоизмот]] е [[Тао те кинг]] („Патот на доблеста“), стихови кажувани од мудрецот [[Лао Це]], кој самиот ништо не пишувал, туку делото го напишале неговите ученици. Така тој се вбројува меѓу ретките умови на човештвото кои ништо самите не напишале, слично на [[Буда]], [[Сократ]], [[Исус]] и [[Мухамед]]. Од книжевен аспект, најважно од класичните дела е [[Ши Кинг]] (1200-500 г. п.н.е.). Ова е зборник на најстарата кинеска поезија, на која се воспитувале сите генерации кинески поети. Од 3000 песни, изборот содржи само 305, а изборот му се припишува на [[Конфучиј]].
 
==Антика==
Антика е термин кој го означува периодот на европската политичка и културна историја во кој водечка улога имале стара [[Античка Грција|Грција]] и [[Антички Рим|Рим]]. Антиката го опфаќа периодот од околу [[15]] векови, од [[1000]] година п.н.е. до 500. н.е., помеѓу падот на Западното Римско Царство ([[476]]) и затворањето на паганските философски училишта во источното, [[Јустинијан I|Јустинијан]]ово царство.
 
===Старогрчка литература===
:''Главна статија: [[Грчка книжевност]]''
Старогрчката литература е најстарата запишана литература на територијата на денешна [[Европа]]. Таа се создавала врз основата на [[старогрчката митологија]].
 
== Наводи ==