Историја на книжевноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ текст
Ред 9:
 
===Индиска литература===
:''Главна статија: [[индискаИндиска книжевност]]''
Меѓу најстарите пишани текстови зачувани до денес се и [[Веди]]те, напишани на древен ведски јазик - [[санскрит]]. Тие се дел од таканаречената [[индиска книжевност]]. Името на Ведите потекнува од зборот „''вид''“, што на санскрит значи: увид, знаење. Еден од најголемите непријатели на човекот, се тврди во Ведите, е незнаењето. Се смета дека постоеле 108 Веди, но денес се останати само четири: ''риг-ведаРигведа'', ''сама-ведаСамаведа'', ''јаџур-ведаЈаџурведа'' и ''атхарва-ведаАтхарваведа''. Во нив е содржан целокупниот поглед на светот на еден стар народ. Химните содржани во Ведите се исполнети со радост и восхит за постењето, а видливиот свет се смета дека опфаќа само една четвртина од целокупното постоење. Од сите овие најважна е [[Ригведа]]та која содржи 1017 химни составени од ведски формули и [[мантра|мантри]]. За истражувачите е интересна и [[Јаџурведа]]та, затоа што во неа е сместена легендата за [[потоп]]от, која ја има и во [[Епот за Гилгамеш]], а подоцна и во [[Библија]]та.
 
Втората фаза од индиската литература е појавата на [[Упанишади]]те, кои биле тајни учења наменети само за посветените. Во овој период се вбројува и создавањето на двата големи епа [[Рамајана]] и [[Махабхарата]], т.е. од првото илјадалетие пред нашата ера. И двата овие епа зборуваат за борбата меѓу доброто и злото.
 
===Египетска литература===
:''Главна статија: [[Египетска книжевност]]''
Египетското писмо настанало за време на [[Средното Египетско Царство]], а старите Грци го нарекле [[хиероглифи]] (света резба), затоа што оделе во [[Египет]] за да учат од тамошните мудреци [[астрономија]] и [[геометрија]]. Најстарите зачувани текстови се наречени „Текстови на пирамидите“, и се врзани за елиополиската космогонија. Од подоцнежниот период потекнуваат и разни други дела. Филозофските приказни, на пример за двајцата скарани браќа чии имиња се Вистина и Лага, или приказната за „Проколнатиот принц“, каде темата е судбина; авантуристичкиот расказ „Приказната за бродоломникот“, која веројатно била урнек за поновата приказна за [[Синбад морепловецот]].<ref></ref> Лирскиот зборник „Песни од реката“ изобилува со љубовна поезија, во која се опева радоста на животот.
 
== Наводи ==