Рејчел Карсон: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
НГТ во првиот параграф.
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
==„Тивката пролет“ и будењето на еколошката свест==
 
Уште од средината на 40-тите, кога сé уште беше релативно непозната, Карсон стана загрижена за употребата на неодамна откриените пестициди[[пестицид]]и, особено [[Ди-ди-ти]]. „Колку повеќе дознавав за употребата на пестицидите толку станував пошокирана“ – ќе напише Карсон подоцна, објаснувајќи ја својата одлука да започне со истражувањата кои ќе доведат до нејзиното најпознато дело, „Тивката пролет“. „Она што го открив е дека сето она што најмногу ми значеше како натуралист беше загрозено и дека ништо што би можела да направам не би било поважно.“
 
Во книгата Карсон ја истражува темата на еколошката меѓу-поврзаност: иако некој пестицид е насочен против елиминирање на еден организам, неговите ефекти се чувствуваат во целиот синџир на исхрана и она што намеруваше да отруе еден инсект завршува со труење на поголемите животни и на човекот.
 
Четири-годишната работа над „Тивката пролет“ започна со едно писмо од еден чувар на птичји резерват во [[Масачусетс]] кој беше уништен преку воздушно прскање со Ди-ди-ти. Тој преку писмото ја замолуваше Карсон да го употреби своето влијание врз државните власти за да се отпочне со истрага во врска со употребата на пестициди. Карсон одлучи дека би било поефикасно да го покрене прашањето преку некој популарен магазин. Сепак, издавачите беа незаинтересирани па од проектот подоцна испадна книга.
 
„Тивката пролет“, објавена во [[1962]], предизвика многу реакции и прашањето за употребата на пестицидите стана многу-дискутирана тема. Магнатите од хемиската индустрија ја пречекаа на нож, но нејзините ставови сé повеќе беа прифаќани во јавноста. Дојдоа и научните признанија. Во 1963 Карсон беше избрана во Американската академија на науките и уметностите и доби многу други признанија и награди, вклучувајќи го Одубон медалот и Кулен медалот на Американското географско друштво.
 
Веќе беше покрената и истрага во Конгресот на САД во врска со употребата на пестицидите. Карсон, која веќе беше сериозно болна од рак на дојката, сведочеше пред истражниот комитет на Сенатот. Подоцна, истрагата ќе доведе до забрана на Ди-ди-ти, но Карсон не го дочека тоа. Умре на [[14 април]] [[1964]]. Во [[1980]] постхумно го доби Претседателскиот медал на слободата, највисоко граѓанско признание во [[САД]].
 
==Надворешни врски==