Хелен Келер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Zwobot (разговор | придонеси)
с robot Adding: en, eo, es, fr, he, ja, ko, nds, nl, no, pl, pt, sr, sv, ta, tl, zh, zh-min-nan
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Хелен Адамс Келер''' ([[27 јуни]] [[1880]] - [[1 јуни]] [[1968]]) беше [[САД|американска]] активистка и писателка, која беше глува и слепа и која и покрај тоа постигна многу во својот живот.
 
==Детство и образование==
 
Хелен Келер беше родена во Таскумбија, [[Алабама]]. Кога имаше 19 месеци како резултат на треска ја изгуби способноста да гледа и слуша. Во 1887 со неа почна да работи Ен Саливен со цел да ја научи да комуницира. Тоа беше почеток на 49-годишниот период на соработка помеѓу нив. Во 1888 Хелен го посетува Перкинсовиот институт за слепи. Во 1894 Хелен и Ен се преселуваат во [[Њујорк]] за да го посетуваат Рајт-Хумансовото училиште за глуви. Во 1898 се вратија во Масачусетс и Хелен се запишува на Кембриџкото училиште за млади дами пред да добие дозвола, во 1900, да го посетува Ретклифскиот колеџ. Во 1904 таа таму дипломира, станувајќи првото глуво и слепо лице кое дипломирало.
 
==Јавна активност==
 
Веќе позната по својата голема волја, Хелен Келер стана светски познат говорник и автор. Борбата против сетилните хендикепи стана нејзина животна мисија. Во 1915 ја основа “Хелен“[[Хелен Келер Интернационалата”Интернационала|Хелен Келер Интернационалата]]”, непрофитна организација за спречување на слепилото. Заедно со Ен Саливан посети 39 земји ширум светот.
 
Келер не беше позната само поради борбата против хендикепите. Таа беше член на [[Социјалистичка партија на Америка|Социјалистичката партија на Америка]] и активно учествуваше во кампањите и пишуваше во прилог на работничката класа од 1909 до 1921. Го поддржуваше кандидатот за претседател на САД на Социјалистичката партија, [[Јуџин Дебс]], при сите негови претседателски кампањи од тој период. Исто така, во 1912 стана член на “Интернационалните работници на светот”, радикален американски [[синдикат]].
 
Во [[1920]] беше една од основачите на [[Американска унија за граѓански слободи|Американската унија за граѓански слободи]].
 
==Подоцнежен живот==
 
Голем дел од својот подоцнежен живот Келер го посвети на собирањето парични средства за Американската фондација за слепи.
 
Во [[1960]] беше објавена нејзината книга “Светлина во мојата темнина”, во која таа го брани учењето на [[Емануел Сведенберг]]. Таа исто така напиша и обемна автобиографија. Вкупно има напишано 11 книги и бројни статии.
 
На 14 септември [[1964]] претседателот [[Линдон Џонсон]] ја награди со Претседателскиот медал на слободата, највисоко граѓанско признание во САД.
 
Умре на 1 јуни 1968 на 87-годишна возраст.