Ерозија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.29.147.127 (разговор), вратено на последната верзија на HRoestBot
Ред 13:
 
== Статистика ==
Интензитетот на ерозијата се изразува во: [mm] однесен или наталожен слој; (m<sup>3</sup>/km<sup>2</sup> годишно) или (t/ha годишно). Природната (нормална, геолошка) ерозија има интензитет до 100 m<sup>3</sup>/km<sup>2</sup> годишно и претставува позитивен процес. Забрзаната (антропогена) е потпомогната од дејството на човекот (неправилна обработка, [[обесшумување]], преголема испаша, несоодветни градежни активности итн.). Во РМ, доминантна е водната ерозија, а нејзиниот просечен интензитет е 685 m<sup>3</sup>/km<sup>2</sup> годишно. Околу 36% од територијата на РМ е зафатена со посилни процеси на ерозија, па РМ е меѓу најзагрозените држави во Европа.
 
== Заштита од ерозија ==
оди на страницата www.neetocenlinkov.com
 
и таму ќе го видиш тоа што го пишуваше овде хаха
За заштита од ерозијата се преземаат разни мерки и активности:
* техничко-мелиоративни (тераси, ѕидови, ровови...);
* противерозивна агротехника (контурна обработка...);
* шумско-мелиоративни (пошумување...);
* градежни (прегради, прагови, канали...);
* административни и
* едукативни.
 
== Ерозија на почвата ==
Ерозија на [[почва]]та е најраспространет и најважен вид на деградација на почвата. Ерозијата кај нас зависи од редица природни и антропогени фактори, меѓу кои на прво место е уништувањето на природната вегетација. Во далечното минато 95% од територијата на РМ била покриена со природна шумска вегетација. Со нејзиното уништување и деградирање се добиени големи површини пасишта, обработливи површини и голини (340.000 ha). Кај нас ерозијата е толку поинтензивна колку што се врнежите со поистакнат пороен карактер, колку наклонот на теренот е пострмен, колку еродибилноста на почвата и супстратот е поголема, колку природната вегетација е посилно деградирана или уништена и ако [[агротехника]]та е понеприспособена кон ерозивните процеси. Со ерозија не само што се однесува целата почва или дел од неа, туку посилно се однесуваат нејзините најважни делови ([[глина]]та, [[хумус]]от, [[нутриенти]]те). Таа има и други негативни последици: нерегулиран воден режим во водотеците, поплави, дигање на нивото на подземните води, таложење големи количества груб нанос, уништување на инфраструктурни објекти, полнење на вештачките акумулации со нанос и др. Со картата за ерозија на почвата се претставени пет категории ерозија чиј интензитет опаѓа од I кон V категорија. Првите три категории изнесуваат 38% од територијата на РМ. Произведениот годишен нанос со ерозија одговара на 1.700 ha почва, длабока 100 cm. РМ е една од најзагрозените земји со ерозија во Европа.
оди на страницата www.neetocenlinkov.com и таму ќе го видиш тоа што го пишуваше овде хаха
 
== Извор ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ерозија