Крушевски манифест: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Крушевскиот манифест''' е манифест што го објавила револуционерната власт во [[Крушево]] за време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]]. Напишан е на [[6 август]], а негов автор е [[Никола Киров Мајски]], иако одредени историски извори како автор го наведуваат [[Никола Карев]]. Напишан е на [[македонски јазик]] (крушевски дијалект), а потоа, преведен на [[турски јазик]], е испратен во 17 примероци до околните села со чисто или мешано муслиманско население.
 
Во него околното муслиманско население братски се повикува да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во [[Македонија]]. Манифестот наидува на добар прием од страна на муслиманското население, а кметот на селото [[Алданци]] возвратил со порака во која изразува разбирање за мотивите на востаниците.
Ред 6:
 
== Содржината на Крушевскиот манифест ==
Крушевскиот Манифестманифест се обраќа кон нехристијанското месно население во востанатите региони. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите - Турци, Торбеши и Арнаути (Албанци), Манифестот едновремено дава и јасна слика за мотивите и целите на востанието, неговиот револуционерен, национално-ослободителен и социјален карактер.
 
Најнапред, Манифестот ги објаснува мотивите на востаниците:
Ред 17:
{{cquote|Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!}}
 
Со ова, Манифестот ги презентира социјалните цели на востанието - воспоставување на поправедно граѓанско општество. Покрај тоа, манифестот ги смирува муслиманите (Турци, Арнаути и други) дека и доколку не се приклучат кон востанието, нема да бидат мета на востаниците и ги повикува да не се придружуваат на спротивната страна:
 
{{cquote|...Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!}}
 
Конечно, манифестотМанифестот има и силно изразена патриотска линија, која се однесува на ослободувањето и самостојноста на Македонија: „...нашата мила и богата земја Македонија...“, „...бајрако на Афтономна Македонија...“, „...чесни и добри македонски синој...“, а завршува со зборовите:
{{cquote|Ура! За Афтономна Македонија! <ref>[http[s://mn.mk/istorija/347-krusevskiot-manifestКрушевски манифест|Крушевски манифест]] (на викиизвор)</ref> }}
 
== Извори ==
<references/>
{{Викиизвор|Крушевски Манифестманифест}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce474/Tekst08.htm Интервjу со ПрофесорПроф. д-р Новица Велјановски], Македонско Сонце]
 
{{Илинденско востание}}
 
[[Категорија:Илинденско востание]]
[[Категорија:Крушевска Република]]
 
[[bg:Крушевски манифест]]
[[en:Kruševo Manifesto]]
[[sh:Kruševski manifest]]
 
{{Илинденско востание}}