Садам Хусеин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Нова страница: '''Садам Хусеин''' (28 април 1937 - 30 декември 2006), претседател на Ирак, често пати карак...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Садам Хусеин е роден на 28 април [[1937]] година во сунитско семејство во селото Уџе, во близина на [[Тикрит]]. Неговото семејно име е '''Садам ал Тикрити'''. Тој останал сирак на девет години и е одгледан од неговиот стрико, кој го испратил во [[Багдад]] на школување.
'''Садам Хусеин''' ([[28 април]] [[1937]] - [[30 декември]] [[2006]]), [[претседател]] на [[Ирак]], често пати карактеризиран како [[диктатор]].
 
Хусеин во [[1955]] година станува член на Арапската социјалистичка партија ([[БААС]]), а четири години подоцна има неупсешен атентат врз ирачкиот воен лидер [[Абдул Карим Касем]]. При атентатот Хусеин е ранет во раката и успева да избега во [[Каиро]], каде се запишува на правен факултет.
[[Слика:SaddamHussein 2004July01 cropped.jpg|мини|десно|300п|'''Садам Хусеин''']]
Во [[1963]] година БААС доаѓа на власт и Хусеин се враќа во [[Багдад]], како член на новата влада. Но, [[БААС]] на власт не остнува ниту една година. Хусеин е уапсен и одлежува затворска казна од [[1964]] до [[1966]] година кога бега од затвор.
 
Во [[1968]] година Хусеин учествува во државниот удар, а [[БААС]] повторно доаѓа на власт. Тој прво станува член на Револуционерниот команден совет, а во [[1969]] година избран е за заменик претседател на Советот и за заменик на генералниот секретар на регионалното раководство на Арапската социјалистичка партија.
 
Од 16 јули [[1979]] година Хусеин ги презема функциите претседател и премиер на [[Ирак]], а во август истата година издава наредба за егзекуција на околу 400 членови на [[БААС]].
 
Во септември [[1980]] година Хусеин го напаѓа [[Иран]]. Во осумгодишната војна загинуваат приближно 1,5 милиони луѓе.
 
По наредба на Хусеин во март [[1988]] година употребено е хемиско оружје врз курдско село при што загинуваат 5.000 лица.
 
Во август [[1990]] година [[Ирак]] го напаѓа [[Кувајт]], а на 18 јануари [[1991]] година почнува операцијата „'''Пустинска бура'''“ на меѓународната коалиција предводена од [[САД]], под патронат на ОН.
 
При бомбардирањето на сојузничките сили загинаа 100.000 луѓе, а уништен е поголемиот дел од воената машинерија на [[Ирак]].
 
Во [[1995]] година генералот [[Хусеин камал ал маџид]] и [[Садам Камел хасан]], зетови на Хусеин пребегнуваат во [[Јордан]] и ги открива воените магацини во [[Ирак]].
 
Инспекторите на ОН ги уништуваат арсеналите. Зетовите се враќаат во [[Ирак]], а по наредба на Хусеин убиени се на 23 февруари [[1996]] година.
 
На 15 октомври [[1995]] година и на 15 октомври [[2002]] година Ирачаните на референдум се изјаснуваат за продолжување на претседателската функција на седум години. На референдумите гласаа сите регистрирани гласачи, а тој е реизбран со сто проценти од гласовите.
 
На 8 ноември [[2002]] година Советот за безбедност при ОН ја изгласува Резолуцијата 1441 според која [[Ирак]] треба да се разоружи или во спротивно ќе сноси сериозни последици.
 
На 17 март [[2003]] година американскиот претседател [[Џорџ Буш]] поставува 48-часовен ултиматум дп Хусеин да го напушти [[Ирак]] за да ја избегне војната.
 
Откако Хусеин одбива да ја напушти земјата на 20 март [[2003]] година почнува меѓународна воена операција „'''Слобода за Ирак'''“.
 
На 9 април [[2003]] година американската армија го одвојува [[Багдад]], при што паѓа режимот на Садам Хусеин. На 1 мај 2003 година Буш прогласува официјален крај на војната во [[Ирак]].
 
На 13 декември [[2003]] година Хусеин е уапсен во [[Тикрит]], а на 9 јануари [[2004]] година [[САД]] официјално му признава статус на воен заробеник.
[[Слика:TrialSaddam.jpg|мини|десно|200п|'''Во време на судењето''']]
Судкиот процес за убиството на 148 шиити во [[Дуџаил]] почнува на 19 октомври [[2005]] година при што му се суди на Хусеин и на седуммина негови блиски соработници.
 
На 21 август истата година почна судењето на Хусеин и за геноцид и злосторство против човештвото. Хусеин се товари за убиството на околу 182.000 курди при операцијата '''Анфал''', која беше извршена во три етапи.
 
Операцијата кулминираше со обезглавување на 5.000 Курди во селото Халабџа на 16 март [[1988]] година.
На власт во [[Ирак]] дојде во [[1979]] година, кога како потпретседател на владеачкиот Совет на револуционерната команда го симна од власт шефот на државата [[Ахмед Хасан ал Бакар]], по што користеше диктаторски методи на владеење, вклучувајќи и физичка ликвидација на политичките противници.
 
{{биог-никулец}}
[[Категорија:Претседатели на Ирак]]
[[Категорија:Диктатори]]