Разлика помеѓу преработките на „Никола Парапунов“

нема опис на уредувањето
Во [[1931]] година станува член на [[Бугарска комунистичка партија|Бугарската комунистичка партија]], а на почетокот на [[1932]] е член на окружното раководство на БКП во [[Петрич]]. Поради своето делување како комунист е уапсен и од [[1933]] до [[1941]] година е во затвор.
 
По излегувањето од затвор, преминува во илегала и на [[26 јули]] [[1941]] година ја формира разлошката чета, првата вооружена партизанска формација во [[Бугарија]]. Пиринска Македонија како дел од [[Царство Бугарија|Царството Бугарија]], најрано ќе го крене својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на [[Македонија]]. На територијата на Пиринска Македонија уште во [[1941]] година ќе се оформат партизански одреди под водството на македонскиот комунист од овој крај Никола Парапунов, а токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската војска и воопшто првата вооружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот <ref>Историја на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година</ref>.
 
На почетокот од 1943 година станува член на ЦК на БКП, но на крајот од истата година загинува кај месноста Сува Чешма, во близина на селото Бараково, Горноџумајско, во борба против бугарска полициска заседа.
== Извори ==
{{наводи}}
== Види исто така ==
* [[Историја на Пиринскиот дел на Македонија (1913 - 2005)]]