Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македо...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија''' (''Главен штаб на НОВ и ПОМ'') е главното командно тело на [[македонскиот народ]] во [[Вардарска Македонија|Вардарскиот дел на Македонија]] во текот на [[Народно-ослободителна борба на Македонија|народно-ослободителната борба на Македонија]].
 
Пред формирањето на ГШ, оружената борба ја раководеле: ''Воена комисија'' – [[Методија Шаторов-Шарло]], [[Коце Стојановски-Металец]], [[Бранислав Шикиќ|Бранислав Шикиќ-Бруно]], [[Љубомир Лековиќ |Љубомир Лековиќ]]- Горски и [[Илија Јакимовски]], ''Покраински воен штаб'' – [[Лазар Колишевски]]-Митре, [[Михаjло Апостолски]]-Дончо, [[Мирче Ацев]]-Стојче, [[Страшо Пинџур]]-Jосиф, [[Цветко Узуновски]]-Абас, [[Трајко Бошкоски]]-Тарцан, [[Перо Иваноски]]-Тиквар, [[Кузман Јосифовски - Питу|Кузман Јосифовски]]-Питу, [[Иван Дојчиновски |Иван Дојчиновски]]-Димче и ''Оперативен воен штаб'', како помошен орган на ПВШ – [[Перо Иваноски |Перо Иваноски]]-Тиквар, [[Трајко Бошкоски - Тарцан|Трајко Бошкоски]]-Тарцан, [[Киро Крстески |Киро Крстески-Платник]] и [[Стефан Наумов - Стив|Стиф Наумов]].
 
''ПВШ'' прераснува во ''ГШ'' на [[Народноослободителна Војска на Македонија|Народноослободителната војска на Македонија]] и ''НОПОМ'' во состав: Цветко Узуновски, Михајло Апостолски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Љупчо Арсов (јуни 1942), а подоцна биле кооптирани Кузман Јосифовски и Стиф Наумов.
 
Го раководел дејствувањето и организирањето на НОПО, реорганизацијата на месните воени штабови, издавал Билтен (од октомври 1942) и др. ГШ на НОПОМ прераснува во ГШ на НОВ и ПОМ во состав: Михаило Апостолски – командант, Цветко Узуновски – политички комесар и [[Страхил Гигов]] – заменик политички комесар. Подоцна комесари биле [[Бане Андреев]] и [[Борко Темелкоски]], а заменик на командантот [[Панче Неделковски]] (март 1943).
 
До конечното ослободување на Вардарска Македонија (ноември 1944), во составот на ГШ имало повеќе измени. Единствено командантот
Апостолски останал до укинувањето на главните штабови (1945). За поефикасно раководење со НОАВМ, територијата ја поделил на пет Оперативни зони , на чело со оперативни штабови. По Преспанскиот состанок на ЦК на КПМ седиштето на воено-политичкото
раководство било во село Црвена Вода, на слободната територија [[Дебарца]], Охридско. ГШ на НОВ и ПОМ именувал (септември 1943)
референт за верски прашања (поп [[Вељо Манчевски]]) и референт за просвета ([[Петар Богданов - Кочко|Петар Богданов]]-Кочко), издал Манифест за крајната цел на НОАВМ (октомври 1943), формирал баталјони и бригади (1943), дивизии и корпуси (1944) за [[Завршни операции за ослободување на Македонија|завршните операции за ослободување на Македонија]].
 
Македонската војска имала над 64 000 борци (октомври–ноември 1944). Во ноември ГШ на НОВ и ПОМ бил преименувн во ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија и така функционирал до февруари 1945 година, кога бил преименуван со наредба на ВШ на НОВ и ПОЈ во ГШ на ЈА за Македонија. Во мај 1945 бил укинат.
 
== Извори ==
{{наводи}}
Ред 6 ⟶ 20:
[[Категорија:НОБ| ]]
[[Категорија:Македонија во Втората светска војна| ]]
 
[[sl:Generalštab NOV in PO Makedonije]]
[[sr:Главни штаб НОВ и ПО Македоније]]