Мис Елен Стон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Странски пропаганди во Македонија}}
'''Елен М.Марија Стон''' (англ. ''Ellen M. Stone''), попозната како '''Мис Стон''' била американска [[протестантство|протестантска]] мисионерка која патувала низ Македонија со придружба од петнаесетина луѓе во 1901. година. Била киднапирана од четириесетина комити од четата на [[Јане Сандански]] на [[3 септември]] [[1901]] година помеѓу [[Разлог]] и [[Благоевград|Горна Џумаја]], во месноста [[Предел]] ([[Пиринска Македонија]]).
 
Комитите ги ослободиле луѓето од придружбата, а ги заробиле само неа и нејзината придружничка Катерина Цилка. Тие шест месеци биле задржани од комитите и криени од Турците на [[Малешевски Планини|Малешевските Планини]] и на [[Пирин|Пирин Планина]], во Пиринска Македонија. Биле ослободени на [[23 февруари]] [[1902]] година за откуп од 14.500 турски лири во злато, со кои македонските револуционери купиле оружје.<ref>Carpenter, Teresa, "The Miss Stone Affair", Simon and Schuster, 2003.</ref> Мис Стон била задоволна од односот на комитите и народот кон неа, па подоцна за тоа кажувала и во интервјуа за американските весници. Дури напишала и книга, но пред печатењето целиот материјал изгорел во пожар во американскиот град Челзи, во која таа живеела, а таму и починала во 1927 година.
 
Катерина Цилка била бремена во моментот на киднапирањето и се породила, според некои извори, во [[Ратево]], беровско, во текот на заробеништвото. Неколку години по ослободувањето од заложништво, Катерина Цилка со писмо од САД ѝ се заблагодарила на бабицата баба Миропа од Ратево за успешното породување што го имала во многу тешки услови.<ref>[http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=F4E74425504DFA4F977AED75A116AF9F&arc=1 Дневник 31.1.2009.: Се„Се распаѓа споменот за Мис СтонСтон“, „Дневник“, 31.1.2009.]</ref>
 
Еден од првите македонски играни филмови, [[Мис Стон (филм)|Мис Стон]] (1958) е снимен токму според оваа приказна.
 
==Видете исто така==
* [[Афера Мис Стон]]
 
== Наводи ==
{{наводи|2}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.promacedonia.org/bugarash/stone/index.html "Аферата "Мис Стоун". Спомени, документи и материали"], спомени на Елена Стоун, Катерина Цилка, Яне Сандански, Христо Чернопеев и Сава Михайлов, документи и материали, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983 г. {{bg}}
* [http://www.promacedonia.org/bmark/lm_voevodi/index.html "Движението отсамъ Вардара и борбата съ върховиститѣ] по спомени на Яне Сандански, Черньо Пѣевъ, Сава Михайловъ, Хр. Куслевъ, Ив. Анастасовъ Гърчето, Петъръ Хр. Юруковъ и Никола Пушкаровъ"; съобщава Л. Милетичъ. Издава „Македонскиятъ Наученъ Институтъ", София, 1927. "Материяли за историята на македонското освободително движение", книга VII. {{bg}}
 
==Видете исто така==
* [[Афера Мис Стон]]
 
[[Категорија:Аферата Мис Стон]]