Структурализам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Codeks (разговор | придонеси)
Откажано уредување 2127835 од (62.162.217.196 | Разговор)
Ред 33:
=== Структурализмот во книжевни теории и книжевна критика ===
 
 
Главна статија: семиотичка книжевна критика
 
Во книжевната теорија, структурализмот е пристап на анализирање на наративните материјали со акцентирање на непроменливата структура, врз која се базира јазичниот систем од знаци на Фердинанд де Сосир. Структуралистите тврдат дека секој текст мора да има структура, која објаснува зошто е полесно за искусните читатели отколку за неискусните читатели да го протолкуваат текстот. Затоа, тие велат дека сè што е напишано се чини дека е под одредени правила, „правила на граматиката“, кои се изучуваат во образовните институции, а кои чекаат да бидат разоткриени. Потенцијален проблем на структуралистичкото толкување е дека тоа може да биде многу отпорен, што Кетрин Белсеи нарекува, „структуралистичката опасност од рушење на сите разлики“. Пример за такво читање може да биде ако ученикот заклучува дека авторот на ,,Приказна за Западната Страна“ не напишал ништо „навистина“ ново, затоа што нејзиното дело ја има истата структура како „Ромео и Јулија“ од Шекспир. Во двата текста момчето и девојката се заљубуваат (симболична „формула“ би била момче + девојка), и покрај фактот дека тие им припаѓаат на две групи кои се мразат (групата на момчиња - групата на девојки "или" непријателските сили), а конфликтот е решен со нивната смрт. Ако структуралистичкото читање се фокусира на повеќе текстови, мора да има некој начин на кој овие текстови ќе се обединат меѓу себе во еден систем. Разновидноста на структурализмот е таква што еден книжевен критичар би можел да направи исто тврдење за приказната за две пријателски семејства (фамилијата на момчето + фамилијата на девојчето), кои посредуваат брак меѓу нивните деца, и покрај фактот што децата се мразат меѓу себе (момче-девојка), и затоа децата извршуват самоубиство да го избегнат договорениот брак. Оправдување е дека структурата на втората приказна е "инверзија" на првата: односот помеѓу вредностите на љубовта и вмешување на две различни страни е укината.