Структурализам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Codeks (разговор | придонеси)
Откажано уредување 2127835 од (62.162.217.196 | Разговор)
Ред 21:
=== Структурализмот во антропологијата и социологијата ===
 
Главни статии: целокупната антропологија и структурален функционализам
 
Според структуралната теорија во антропологијата и социјалната антропологија, значењето е произведено во рамките на културата преку различни вежби, феномени и активности, кои служат како систем на значењето. Структуралистчките истражувачки активности, како разликата во подготовка на храна и ритуалите за служење, верските обреди, игри и книжевни и некнижевни текстови, како и други форми на забава, се користат за да се откријат структурите од кои е произведено значењето и спроведено во културата. На пример, еден истакнат експерт за структурализмот и антрополог, Клод Леви-Строс, во 1950-тите ги анализирал културните феномени, вклучувајќи митологија, сродство (сојузната теорија и инцест табуто), и подготовка на храна (види структурална антропологија). Освен овие истражувања, произвел и повеке јазично-фокусирани записи, кадешто ја применил разликата помеѓу говор и јазик во неговата потрага за основните структури во човечкиот ум, тврдејќи дека структурите кои ја формираат "длабоката граматика" на општеството потекнуваат од умот и дејствуваат во нас несвесно. Леви-Строс е инспириран од теоријата за информации и математиката.
 
Друг концепт е позајмен од прашката лингвистичка школа, каде што Роман Јакобсон и други ги анализираат звуците, врз основа на присуството или отсуството на извесни карактеристики (како на пример безвучност наспроти звучност). Леви-Строс го вклучил во неговата концептуализација на универзални структури на умот, врз основа на парови на бинарни структури, како што се топло-ладно, машко-женско, култура-природа. Трето влијание дошло од Марсел Мос, кој пишувал за подарена размена на системи. Врз основа на Мос, на пример, Леви-Строс тврдел дека сродните системи се базираат на размена на жени меѓу групите (позиција позната како „теорија на заедница“), спротиставена на " потеклото " на теоријата опишана од Едвард Еванс-Причард и Мајер Фортез.
 
Заменувајќи го Марсел Мос во неговата „Практична школа на високи студии“, пишувањата на Леви-Строс станале популарни во 1960-тите и 1970-тите години и го прошириле терминот "структурализам". Во Британија автори како што се Родни Нидем и Едмунд Лич многу биле под влијание на структурализмот. Автори, како што Морис Годелиер и Емануел Тереје, го комбинирале марксизмот со структуралната антропологија во Франција. Во САД, автори, какошто се Маршал Салинс и Џејмс Бун изградиле структурализам за да им овозможи сопствени анализи на човечкото општество. Структуралната антропологија паднала во немилост во почетокот на 1980-тите години поради неколку причини. Д'Андраде (1995) предлага дека структурализмот во антропологијата на крајот е напуштен бидејќи нашравил непроверени претпоставки за универзалната структура на човечкиот ум. Автори како Ерик Вуф тврделе дека политичката економија и колонијализмот треба да бидат повеќе во првите редови на антропологијата. Во принцип, критиката на структурализмот на Пјер Бурдие довела до загриженост за тоа како културните и социјалните структури биле променети од човековите активности и практика, а станале познати со Шери Ортнер, кој ги навел како "теорија на практиката."