Социјалдемократски сојуз на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Codeks (разговор | придонеси)
Откажано уредување 2127729 од (62.162.216.18 | Разговор)
Ред 15:
 
'''Социјалдемократскиот сојуз на Македонија''' или кратко '''СДСМ''' е една од најголемите [[Политичка партија|политички партии]] во [[Македонија]]. Партијата е формирана на [[21 април]] [[1991]] и е наследничка на [[Сојуз на комунистите на Македонија|Сојузот на комунистите на Македонија]]. СДСМ е полноправна членка на [[Социјалистичка Интернационала|Социјалистичката Интернационала]] и асоцијативна член на [[Партија на европските социјалисти|Партијата на европските социјалисти]]. СДСМ е партија со [[социјалдемократија|социјалдемократска]] ориентација и е дел од левиот политички блок во земјата.<ref>[http://www.sdsm.org.mk/upload/documents/Statut%20SDSM%20nov-2.pdf Статут на СДСМ]</ref>.
 
== Историја ==
[[Податотека:SDSM.gif|thumb|лево|100px|Старото лого на СДСМ]]
 
Како посебна политичка партија СДСМ е оформена на [[21 април]] 1991 година на 11 Конгрес на [[СКМ-ПДП]] кога врз основа на иницијативата на Претседателството на ЦК СКМ–ПДП од [[14 февруари]] [[1991]] година и предлогот на Централниот Комитет на [[23 февруари]] [[1991]] година е донесена и одлуката за промена на името од СКМ–ПДП во СДСМ.<ref name="историја">{{цитирана веб страница|url=http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=45&lId=1|title=Историја на партијата|accessdate=2010-01-30}}</ref> На 07.06.2009 СДСМ во Охрид, покрај реформите во структурата изгласа и нов симбол на партијата. Низ својата историја СДСМ како претседатели ја воделе тројца македонски политичари, имала освоено три мандати, голем број градоначалници и двајца [[претседатели на Македонија]] од своите редови. До 2010 година, партијата има организирано десет конгреси и создадено две тела во рамките на партијата: [[Социјалдемократска младина на Македонија]] и [[Клуб на жени на СДСМ]].
 
=== Претседатели ===
Прв претседател на СДСМ, од нејзиното формирање до [[2004]] година бил [[Бранко Црвенковски]]. По неговиот избор за [[претседател на Република Македонија]], за претседател на СДСМ е избран [[Владо Бучковски]], а од ноември [[2006]] година на чело на партијата е [[Радмила Шекеринска]]<ref>[http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=45&lId=1 Внатрепартиска структура на СДСМ]</ref>. На 7 јуни 2009 година за претседател на партијата повторно е избран Бранко Црвенковски.
 
=== Отцепувања ===
СДСМ има доживеано две отцепувања во својата историја. Првото се случи во [[1993]] година, кога се отцепи [[Петар Гошев]], формирајќи ја [[Демократска партија (Македонија)|Демократската партија]], а второто во ноември [[2005]] година кога [[Тито Петковски]], еден од дотогашните најистакнати членови на СДСМ, се отцепи од партијата и ја формира [[Нова социјалдемократска партија]].
 
== Изборни резултати ==