Социјалдемократски сојуз на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Целосно избришана страница
Hoo man (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 62.162.216.18 (разговор), вратено на последната верзија на Hoo man
Ред 1:
{{Infobox Political_Party |
party_name = <br />Социјалдемократски сојуз на Македонија<br />СДСМ |
party_logo = [[Податотека:Logo of the SDUM.jpg|150px|]] |
party_articletitle = СДСМ |
leader = [[Бранко Црвенковски]] |
foundation =[[17 април]], [[1991]] |
ideology = социјалдемократија |
international = [[Социјалистичка Интернационала]]|
european = [[Партија на европските социјалисти]]|
colours = црвена, жолта , сина|
headquarters = [[Скопје]] |
website =[http://www.sdsm.org.mk/ Официјално мрежно место]
}}
 
 
'''Социјалдемократскиот сојуз на Македонија''' или кратко '''СДСМ''' е една од најголемите [[Политичка партија|политички партии]] во [[Македонија]]. Партијата е формирана на [[21 април]] [[1991]] и е наследничка на [[Сојуз на комунистите на Македонија|Сојузот на комунистите на Македонија]]. СДСМ е полноправна членка на [[Социјалистичка Интернационала|Социјалистичката Интернационала]] и асоцијативна член на [[Партија на европските социјалисти|Партијата на европските социјалисти]]. СДСМ е партија со [[социјалдемократија|социјалдемократска]] ориентација и е дел од левиот политички блок во земјата.<ref>[http://www.sdsm.org.mk/upload/documents/Statut%20SDSM%20nov-2.pdf Статут на СДСМ]</ref>.
 
== Историја ==
[[Податотека:SDSM.gif|thumb|лево|100px|Старото лого на СДСМ]]
 
Како посебна политичка партија СДСМ е оформена на [[21 април]] 1991 година на 11 Конгрес на [[СКМ-ПДП]] кога врз основа на иницијативата на Претседателството на ЦК СКМ–ПДП од [[14 февруари]] [[1991]] година и предлогот на Централниот Комитет на [[23 февруари]] [[1991]] година е донесена и одлуката за промена на името од СКМ–ПДП во СДСМ.<ref name="историја">{{цитирана веб страница|url=http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=45&lId=1|title=Историја на партијата|accessdate=2010-01-30}}</ref> На 07.06.2009 СДСМ во Охрид, покрај реформите во структурата изгласа и нов симбол на партијата. Низ својата историја СДСМ како претседатели ја воделе тројца македонски политичари, имала освоено три мандати, голем број градоначалници и двајца [[претседатели на Македонија]] од своите редови. До 2010 година, партијата има организирано десет конгреси и создадено две тела во рамките на партијата: [[Социјалдемократска младина на Македонија]] и [[Клуб на жени на СДСМ]].
 
=== Претседатели ===
Прв претседател на СДСМ, од нејзиното формирање до [[2004]] година бил [[Бранко Црвенковски]]. По неговиот избор за [[претседател на Република Македонија]], за претседател на СДСМ е избран [[Владо Бучковски]], а од ноември [[2006]] година на чело на партијата е [[Радмила Шекеринска]]<ref>[http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=45&lId=1 Внатрепартиска структура на СДСМ]</ref>. На 7 јуни 2009 година за претседател на партијата повторно е избран Бранко Црвенковски.
 
=== Отцепувања ===
СДСМ има доживеано две отцепувања во својата историја. Првото се случи во [[1993]] година, кога се отцепи [[Петар Гошев]], формирајќи ја [[Демократска партија (Македонија)|Демократската партија]], а второто во ноември [[2005]] година кога [[Тито Петковски]], еден од дотогашните најистакнати членови на СДСМ, се отцепи од партијата и ја формира [[Нова социјалдемократска партија]].
 
== Изборни резултати ==
[[Податотека:Branko-Crvenkovski.JPG|десно|100п|мини|Бранко Црвенковски, прв претседател на СДСМ.]]
СДСМ ги предводеше владите на Република Македонија во периодот од [[1992]] до [[1998]] и од [[2002]] до [[2006]].<ref name="избори">{{цитирана веб страница|title=Учество на избори|url=http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=45&lId=1|accessdate=2010-01-30}}</ref>
 
На [[Парламентарни избори 2002 година|парламентарните избори во 2002 година]] СДСМ освои 43 од 120 пратенички мандати во [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Македонија]] како дел од коалицијата [[За Македонија заедно]], предводена од Социјалдемократскиот сојуз за Македонија и [[Либерално демократска партија|Либерално демократската партија]]. По изборите коалицијата За Македонија заедно формира влада со [[Демократска унија за интеграција|Демократската унија за интеграција]].<ref name="избори"/>
 
На [[Парламентарни избори 2006 година|парламентарните избори во 2006 година]] СДСМ заедно со останатите партии членки на коалицијата За Македонија заедно освои 23.31% од гласовите и 32 пратенички мандати. Во прв ред поради отцепувањето на НСДП ова претставува најлош изборен резултат на СДСМ остварен на досегашните парламентарни избори.<ref name="избори"/>
 
Како последица на поразот на парламентарните избори и на сериозните внатрепартиски превирања во периодот по изборите, дотогашниот лидер [[Владо Бучковски]] ја загуби поддршката меѓу членовите на Централниот Комитет на партијата. На [[5 ноември]] [[2006]] година, на вонредниот конгрес на СДСМ, лидерската позиција ја презеде [[Радмила Шекеринска]]. На седмиот конгрес на СДСМ за вд претседател е избран [[Зоран Заев]]. Тој ќе ја врши должноста претседател на СДСМ се до враќањето на [[Бранко Црвенковски]] на претседателското место во [[мај]] [[2009]] година. На 24 мај 2009 Бранко Црвенковски повторно застанал на чело на Социјалдемократскиот Сојуз.<ref name="избори"/>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Видете исто така ==
* [[За Македонија заедно]]
* [[Листа на политички партии во Македонија]]
* [[Политики на Македонија]]
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.sdsm.org.mk/ Официјално мрежно место на СДСМ]
 
[[Категорија:СДСМ| ]]
 
[[bg:Социалдемократически съюз на Македония]]
[[ca:Unió Socialdemòcrata de Macedònia]]
[[cs:Socijaldemokratski Sojuz na Makedonija]]
[[de:Socijaldemokratski Sojuz na Makedonija]]
[[en:Social Democratic Union of Macedonia]]
[[es:Unión Socialdemócrata de Macedonia]]
[[fi:Socijaldemokratski Sojuz na Makedonija]]
[[fr:Union sociale-démocrate de Macédoine]]
[[gl:Unión Social Demócrata de Macedonia]]
[[hsb:Socialdemokratiski zwjazk Makedonskeje]]
[[it:Unione Socialdemocratica di Macedonia]]
[[lt:Makedonijos socialdemokratų sąjunga]]
[[pl:Socjaldemokratyczna Unia Macedonii]]
[[ru:Социал-демократический союз Македонии]]
[[sh:Socijademokratski savez Makedonije]]
[[sr:Социјалдемократски савез Македоније]]
[[sv:Makedoniens socialdemokratiska union]]
[[zh:馬其頓社會民主聯盟]]