Разлика помеѓу преработките на „Собрание на Република Македонија“

Откажано уредување 2127671 од (62.162.216.18 | Разговор)
(Целосно избришана страница)
(Откажано уредување 2127671 од (62.162.216.18 | Разговор))
{{Инфокутија Парламент
| background_color = #CFB53B
| text_color = #FFFFFF
| name = Собрание на Република Македонија
| native_name =
| transcription_name =
| legislature =
| coa_pic = Sobranie_logo.jpg
| coa_res = 260px
| house_type = еднодомен
| leader1_type = [[Претседател на Собранието на Македонија|Претседател]]
| leader1 = [[Трајко Вељаноски]]
| party1 = [[ВМРО-ДПМНЕ]]
| election1 = 21 јуни 2008
| members = 123
| structure1 =
| structure1_res =
| structure1_alt =
| political_groups1 = {{color box|#cc0000}} [[ВМРО-ДПМНЕ]] (53+3)<br>{{color box|blue}} [[Социјалдемократски сојуз на Македонија|СДСМ]] (42)<br>{{color box|#000066}} [[Демократска унија за интеграција|ДУИ]] (15)<br>{{color box|black}} [[Демократска партија на Албанците|ДПА]] (8)<br>{{color box|yellow}} [[Национална Демократска Преродба|НДП]] (2)
| voting_system1 = [[Избори во Македонија|пропорционален]]
| last_election1 = 21 јуни 2008
| session_room = Parliament interior.jpg
| session_res = 260px
| session_alt = Собраниската сала.
| meeting_place = [[Палата на Собранието на Република Македонија|Собраниската сала во Палатата на Собранието]]
| website = [http://www.sobranie.mk/ sobranie.mk]
}}
[[Податотека:Sobranie - the Macedonian Assembly.JPG|thumb|250px|right|[[Палата на Собранието на Република Македонија]].]]
{{Политика на Република Македонија}}
'''Собранието на Република Македонија''' е претставнички орган на граѓаните и носител на [[законодавна власт|законодавната власт]]. Собранието е [[Еднодомен парламент|еднодомно]] и според [[Устав на Република Македонија|Уставот на Република Македонија]] може да биде составено од 120 до 140 [[пратеник|пратеници]], но во сите досегашни состави беа избирани по 120 пратеници. По Парламентарните избори од 2011 година, бројот на пратеници се зголеми на 123. Пратениците се избираат на општи и непосредни [[избори]] со тајно гласање. Право да биде избран за пратеник има секој државјанин на РМ кој наполнил 18 години живот, има деловна способност и не се наоѓа на издржување на казна затвор за сторено кривично дело. Пратениците во Собранието на РМ ги претставуваат граѓаните во Собранието, при што одлучуваат по сопствено уверување. [[Мандат]]от на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани. За листа, видете [[Листа на пратеници во Собранието на Република Македонија]]. На чело на Собранието стои [[Претседател на Собранието на Република Македонија|претседателот на Собранието на Република Македонија]], моментално [[Трајко Вељановски]].
 
Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Македонија и Деловникот на Собранието.
 
Собранието заседава во [[Скопје]].
 
== Надлежности ==
Според член 68 од Уставот во надлежност на Собранието на Република Македонија е:
 
* да го донесува и изменува Уставот на Република Македонија;
* да донесува [[закон]]и и дава автентично толкување на законите;
* да ги утврдува јавните нарачки;
* да донесува републички [[буџет]] и завршна сметка на буџетот;
* да донесува просторен план на Републиката;
* да ратификува меѓународни договори;
* да одлучува за војна и мир;
* да донесува одлуки за менување на границите на Републиката;
* да донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;
* да распишува [[референдум]];
* да одлучува за резервите на Републиката;
* да основа совети;
* да избира [[Влада на Република Македонија]];
* да избира судии на [[Уставен суд на Република Македонија|Уставниот суд на Република Македонија]];
* да врши избор и разрешување на судии;
* да врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон;
* да врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието;
* да дава [[амнестија]] и
* да врши други работи утврдени со Уставот.
 
Покрај тоа, Собранието за вршење на работите од својата надлежност донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.
 
== Работни тела во Собранието на Р. Македонија ==
 
Работните тела се основаат заради разгледување на предлози за донесување на закони, нацрти на закони, предлози на закони и предлози на прописи и други општи акти што ги донесува Собранието.
 
Работни тела или комисии во состав на Собранието се:
 
* Комисија за уставни прашања
* Законодавно-правна комисија
* Комисија за одбрана и безбедност
* Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците
* Комисија за надворешна политика
* Комисија за прашањата на изборите и именувањата
* Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
* Комисија за надзор над работата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање
* Комисија за финансии и буџет
* Комисија за економски прашања
* Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
* Комисија за транспорт, врски и екологија
* Комисија за образование, наука и спорт
* Комисија за култура
* Комисија за здравство
* Комисија за труд и социјална политика
* Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
* Комисија за европски прашања
* Комисија за еднакви можност на жените и мажите
 
== Претседатели на Собранието на Република Македонија ==
 
[[Претседател на Собранието на Република Македонија|Претседатели на Собранието на Република Македонија]] по осамостојувањето на Република Македонија биле:
* [[Стојан Андов]] (1991 - 1996)
* [[Тито Петковски]] (1996 - 1998)
* [[Саво Климовски]] (1998 - 2000)
* [[Стојан Андов]] (2000 - 2002)
* [[Никола Поповски]] (2002 - 2003)
* [[Љупчо Јордановски]] (2003 - 2006)
* [[Љубиша Героргиевски]] (2006-2008)
* [[Трајко Вељаноски]] (2008-2011; 2011-)
 
== Историјат на Собраниската палата ==
Зградата на Собранието на Република Македонија е една од најмонументалните градби во Република Македонија, за која во [[1930]] година бил распишан и конкурс за проектирање (на кој победил архитект [[Виктор Лукомски]]), а изградена е во [[1938]] година по проект на чешкиот архитект [[Виктор Ј. Худак]]. Објектот е концепиран во модерен архитектонски јазик за тоа време, со специфичен масивен разигран волумен и присуство на чисти фасадни елементи, во форма на надворешен петоаголник со внатрешен двор со сала. Применетата фасадна декорација е со геометриски содржини, присутни во одделни партии. Од вградената орнаментална содржина, најинтересен дел е обработката на кабинетите и ентериерот, проектирни-дизајнирани од Д. Инкриостри (1935-1937) во резба - Сала Длаборез, со комплетно обложување на ѕидовите со дрво, поделени на геометриски полиња, каде се аплицирани во резба различни геометриски, вегетабилни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција. Изведбата на оваа декорација му била доверена на [[Глиша Костовски]], столар и резбар од Тетово, со неговата тајфа.
 
Зградата е во употреба од [[1939]] година како Управна палата на тогашната локална Управа.
 
По ослободувањето на Скопје [[1944]] година во зградата е сместена целокупната администрација на македонската народна власт: претседателот на Демократска Република Македонија, Народното Собрание, Владата и Уставниот суд.
 
Со земјотресот што го зафати Скопје во [[1963]] година, зградата на Собранието видно беше оштетена, после што беа преземени големи зафати за нејзино санирање и реконструкција.
 
Со осамостојување на Република Македонија во [[1991]] година, во зградата покрај Собранието на Република Македонија, сместен е и Кабинетот на претседателот на Републиката на дел од првиот кат. По [[Претседателски избори 2009 година|Претседателските избори во 2009. година]] претседателскиот кабинет е преселен во [[Вилата Водно]], а овие простории ги користи претседателот на Собранието.
 
Палатата на Собранието располага со повеќе Сали за седници, Кабинети на [[Претседател на Собранието на Република Македонија|претседателот на Собранието]], на потпретседателите, на претседателите на комисиите, на координаторите на пратеничките групи, на [[Генерален секретар на Собранието на Република Македонија|генералниот секретар на Собранието]] и неговите заменици, како и на раководителите на стручните служби и на секторите.
 
Во [[2004]] година направена е Спомен соба по повод 60-годишнината на Првото заседание на [[АСНОМ]].
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://www.sobranie.mk/ Официјална страница на Собранието на РМ]
* [http://www.mojotparlament.org.mk/default.htm Мојот парламент (водич низ Собранието на РМ)]
 
[[Категорија:Собрание на Република Македонија| ]]
 
[[ar:مجلس جمهورية مقدونيا]]
[[bg:Събрание на Република Македония]]
[[ca:Assemblea de la República de Macedònia]]
[[de:Parlament der Republik Mazedonien]]
[[en:Macedonian Parliament]]
[[es:Asamblea de la República de Macedonia]]
[[fr:Assemblée de la République de Macédoine]]
[[it:Assemblea della Repubblica di Macedonia]]
[[pl:Zebranie Republiki Macedonii]]
[[ru:Собрание Республики Македонии]]
[[sr:Собрање Републике Македоније]]
[[sh:Sobranje Republike Makedonije]]
60

уредувања