Разлика помеѓу преработките на „Акцент во македонскиот јазик“

с
(нова)
 
Со реченичкиот акцент се истакнува еден збор во реченицата наспроти другите зборови во неа, сè со цел да се даде некаква нијанса во значењето. Така, во тесна врска со реченичкиот акцент се логичкиот или ''смисловен'' и емоционалниот или ''афективен'' акцент.{{ref|Opsta}} Покрај оваа основна поделба, акцентот се дели и според фиксираноста на истиот, па така имаме ''определен'' и ''неопределен'' акцент. Определениот е фикциран и секога паѓа на еден ист слог. Непределениот е разносложен и нема фиксна положба.{{ref|Opsta}}
 
:Пример: ''Јана отиде на '''училиште''' (а не на лизгалиште).'' или '''''Јана''' отиде на училиште (не Бојана).''
 
Македонскиот акцент е динамичен или ''експираторен'' и определен. Македонскиот акцент секогаш паѓа на третиот слог од крајот на зборот за третосложни или повеќесложни зборови (пр. ''тáт-ко-то'', ''тáт-ков-ци'', ''тат-кóв-ци-те'', ''ма-кé-до-нец''), на вториот слог на двосложни зборови (пр. ''дé-те, мáj-кa, тáт-ко'') и на единствениот слог кај едносложните зборови (пр. ''рóг, с'рп, к'рв''). {{ref|Opsta}}