Лангдок-Русијон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Географија: ситна поправка
→‎Политика: ситна поправка
Ред 64:
 
==Политика==
[[Податотека:Languedoc Roussillon flag.svg|thumb|200px|леводесно|Поранешното знаме на Лангдок-Русијон (пред 2004).]]
На регионалните избори во март 2004, градоначалникот на [[Монпелје]] [[Жорж Фреш]], припадник на [[Социјалистичка партија (Франција)|социјалистите]] победил на изборите, а потоа по негова иницијатива, знамето на регионот со [[Лангдок|крстот на Лангдок]] како и [[Сенјера|знамето на Русијон]] ("Сенјерата"), било заменето со ново на кое не стоеле симболите на поранешните провинции. Задржани биле само боите (црвена и жолта), кои биле воедно и бои на Лангдок и на сите териториии од поранешната [[Кралство Арагон|Арагонска круна]]. Жорж Фреш исто имал намера да го смени и името на регионот, за да го избегне дуалитетот (Лангдок наспроти Русијон) и да го зајакне единството, односно целината. Тој сакал регионот да се нарече "([[Септиманија]])".
 
Септиманија било името со кое Римјаните при крајот на [[Римско царство| Римското царство]] ја именувале областа која приближно одговарала на денешниот регион Лангдок-Русијон (без Жеводан), и било користено во [[Ран среден век|Раниот среден век]]. Регионалниот совет дури и почнал и нашироко да го користи ова име. Сепак, градоначалникот уште веднаш се судрил со широка опозиција во однос на ова прашање, особено меѓу Каталонците во [[Источни Пиринеи]] кои ценеле дека името « Септиманија » може да му наштети на каталонскиот идентитет а воедно да наштети и на двојниот културен идентитет присутен во Лангдок-Русијон. Згора на тоа, старата Септиманија не се поклопувала точно со актуелните граници на Лангдок-Русијон, особено со фактот дека во неа не бил вклучен [[Жеводан]] кој пак е сегашниот департман [[Лозер (департман)|Лозер]].