Лангдок-Русијон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Географија: дополнување
Ред 49:
*13.4% од Лангдок-Русијон, лоцирано претежно во јужниот дел на регионот, зафаќаат групата историски [[Каталонија|каталонски]] ''земји'' (''pays''): [[Русијон]], [[Валеспир]], [[Конфлен]], [[Капсир]], и [[Француска Серданија|Серданија]], сите вклучени во департманот [[Источни Пиринеи]]. Овие земји биле дел од [[Стар Режим|старорежимската]] [[Русијон|провинција Русијон]].
 
==Политика==
[[Податотека:Languedoc Roussillon flag.svg|thumb|200px|right|Поранешното знаме на Лангдок-Русијон (пред 2004).]]
На регионалните избори во март 2004, градоначалникот на [[Монпелје]] [[Жорж Фреш]], припадник на[[Социјалистичка партија (Франција)|социјалистите]] победил на изборите, а потоа по негова иницијатива, знамето на регионот со [[Лангдок|крстот на Лангдок]] како и [[Сенјера|знамето на Русијон]] ("Сенјерата"), било заменето со ново на кое не стоеле симболите на поранешните провинции. Задржани биле само боите (црвена и жолта), кои биле воедно и бои на Лангдок и на сите териториии од поранешната [[Арагонска круна]]. Жорж Фреш исто имал намера да го смени и името на регионот, за да го избегне дуалитетот (Лангдок наспроти Русијон) и да го зајакне единството, односно целината. Тој сакал регионот да се нарече "([[Септиманија]])".
 
Септиманија било името со кое Римјаните при крајот на [[Римско царство| Римското царство]] ја именувале областа која приближно одговарала на денешниот регион Лангдок-Русијон (без Жеводан), и било користено во [[Ран среден век|Раниот среден век]]. Регионалниот совет дури и почнал и нашироко да го користи ова име. Сепак, градоначалникот уште веднаш се судрил со широка опозиција во однос на ова прашање, особено меѓу Каталонците во [[Источни Пиринеи]] кои ценеле дека името « Септиманија » може да му наштети на каталонскиот идентитет а воедно да наштети и на двојниот културен идентитет присутен во Лангдок-Русијон. Згора на тоа, старата Септиманија не се поклопувала точно со актуелните граници на Лангдок-Русијон, особено со фактот дека во неа не бил вклучен [[Жеводан]] кој пак е сегашниот департман [[Лозер (департман)|Лозер]].
Оваа опозиција, заедно со нивните {{formatnum:45000}} собрани потписи на Каталонците како и јавниот протест на кои присуствувале околу {{formatnum:8000}} демонстранти во [[Перпињан]], на 8 октомври 2005, го натерале Жорж Фреш да се откаже од промена на името на регионот.
 
Од друга страна, [[Каталонски национализам|каталонските националисти]] во [[Русијон]] би сакале департманот [[Источни Пиринеи]] да се отцепи од Лангдок-Русијон и да стане свој независен регион кој би се нарекувал [[Северна Каталонија]] ("''Catalunya Nord''"), како дел од каталонските земји (''Països Catalans''). Оваа идеја нема народна поддршка.
 
== Наводи ==