Административна единица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:World administrative levels.png|мини|десно|270п|Административни единици во светот]]
'''Административна едниница''' (или '''управна единица''') е дел од [[земја]] или друга [[политика|политичка]] целина формирана со цел да се организира и олесни нејзиното [[управување]] и функционирањето на жителите. Овие единици имаат извесен степен на [[автономија]] и се задолжени да раководат со себе по пат на [[локална самоуправа]]. Една земја може да има повеќе степени на '''административна поделба''' во зависност од нејзината големина и потреби. На пример, повеќе земји се поделени [[покраина|покраини]], кои потоа се делат на [[округ|окрузи]] или [[област|области]], кои пак може да бидат понатаму поделени на [[општина|општини]].
 
Административните единици се концептуално поинакви од [[зависна територија|зависните територии]]. Првите се составен дел од една [[суверенитет|држава]], додека пак другите имаат поголема автономија и се географски оддалечени. Во некои случаи овие два поима се совпаѓаат, но тоа е мошне ретко.