Разговор:Зборник на Миладиновци: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Во ред, штотуку видов дека ова е дискусија пренесена од бугарската википедија. Со Бојан се стигнале до веќе некои детали и ќе ми треба време да се вклопам. Не ми се допаѓа формулацијата на реченицата: ''Не се правело разлика меѓу Македонци и Бугари'', сметам дека може да се сфати погрешно, иако во основа се сложувам со неа, но во смисла дека македонската нација била во почетна фаза на формирање, и "Бугари" тешко може да се сфати во денешната смисла на зборот "Бугари". Значи, Антоне, ако прифатиме дека е можно дека "македонски" било користено како регионален идентификатор, сосема е можно и дека "бугарски" немал национално значење, туку, како што вели Влахов-Мицов како политичко-јазична рамка за дејствување. Како и да е, ве оставам да ја довршите дискусијата со Бојан. И добредојдовте повторно на македонската википедија! --[[Корисник:FlavrSavr|FlavrSavr]] 20:01, 7 Декември 2005 (UTC)
 
:Благодарам FlavrSavr за топлите зборови. Тешко е за мене да се сложам са вашето предпоставување дека поимите Македонец и Бугарин се били слични како карактер во средината на ХІХ век (во друга дискусиjа имав можност веќе да ви кажам што мислам за философот Влахов-Мицов и неговите аргументи). Разликата е таа дека поимот Бугарин има исклучиво етнички карактер (се зборува за Бугарски jазик, Бугарска народност и т.н.), а содржината на поимот Македонец (доколу се употребува) е исклучиво регионална. Факт е дека тогаш имало област на име Македониjа и е нормално жителите на таа област со различно потекло и jазик да бидат Македонци. Истовременно многу ретко се употребувал поимот Бугариjа за денешна Северна Бугариjа или Мизиjа. Доколку поимот "Бугарин" се употребувал за жители на други региони (Тракиjа, Бесарабиjа, Македониjа и др.) очигледно дека ова не било во регионална смисла. Во секоj случаj во средината на ХІХ век странските извори виделе различни народности во Македониjа и една од нив биле Бугарите. Кон ова можам да добавам дека самите Македонци не превале разлика меѓу Македонци и Бугари што се докажува со Зборникот. Поздрав, --[[Корисник:Антон|Антон]] 14:20, 8 Декември 2005 (UTC)
Назад на страницата „Зборник на Миладиновци“.