Прва светска војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с robot Adding: af, ga, la, th, tl Modifying: ko
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Прва Светска војна''', исто така позната и како '''Големата војна''' и '''Војна на Нациите''' е [[светски конфликт]] што се одвива од [[1914]] до [[1918]] и започнува во [[Европа]]. Ниеден претходен конфликт нема мобилизирано толкав број војници ниту пак вклучил толку многу луѓе во бојното поле. Првата Светска војна е втор најкрвав настан во светската [[историја]] до тогаш. [[Хемиско оружје]] е искористено за прв пат, изведени се првите масовни бомбардирања на цивили од небо, и некои од првите големи масакри на цивили се случуваат за време на војната. Четири династии, [[Хабсбург|Хабсбурзите]], [[Романов|Романови]], [[Отоманска Империја|Отоманците]] и [[Хохенцолерн|Хохенцолерните]], чии корења на моќ се протегаат до деновите на крстоносните војни, паѓаат за време на војната или после неа.
 
ПрваПрвата Светска војна претставува одлучувачко раскрстување со стариот светски поредок, обележувајќи ја пропаста на [[апсолутизам|апсолутистичката]] [[монархија]] во Европа. Војната ќе се покаже како катализатор за [[Руска Револуција (1917)|Руската Револуција]] која понатаму ќе инспирира револуции во земји како [[Кина]] и [[Куба]] и ќе ја постави основата за [[Студена војна|Студената војна]] меѓу [[Советски СојузСССР|Советскиот Сојуз]] и [[САД|Соединетите Американски Држави]]. Поразот на [[Германија]] во војната и неуспехот да се решат некои од причините за Големата војна поставуваат основа за раст на [[национален социјализам|националниот социјализам]] и неговиот конечен резултат - избувнувањето на [[Втора Светска војна|Втората Светска војна]] во 1939. Војната исто така на големо ја зголемува употребата на масовна индустријализација како база за нова форма на војување што се потпира целосно на [[технологија]] и вовлекува цивили како никогаш порано.
 
Поимот „Прва Светска војна“, што имплицира настан различен од „Втора Светска војна“ не е популарен меѓу некои историчари кои ја сметаат војната само како прва фаза од три-децениската војна што се протега од 1914-1945. Други историчари, пак, гледаат на Прва Светска војна како една од последиците на [[Франција|францускиот]] пораз во Франко-Пруските војни што води кон француската експлоатација на балканската криза како повод за општа војна. Историчари исто така ја цитираат и германската дипломатска неснаодливост како и бранот [[национализам]] што ја преплавува Европa во тоа време.