Ото Бауер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Бауер студираше на Универзитетот во [[Виена]] каде што се здоби со титулата доктор на право во 1906. Својата прва книга, „Социјалдемократијата и националното прашање“, ја објави во 1908. Иако беше политички активен и во текот на студиите, неговиот постепен подем во Социјалдемократската партија на Австрија започна по стекнувањето со докторската титула.
 
Во текот на [[Прва светскаСветска војна|Првата светска војна]], Бауер беше мобилизиран уште во 1914 и беше испратен на Рускиот фронт. Таму беше заробен, но во 1917 беше ослободен и се врати во [[Австрија]]. По смртта на лидерот на Социјалдемократската партија на Австрија, [[Виктор Адлер]], во 1918, Бауер застанува на чело на партијата. Од ноември 1918 до јули 1919 австриските социјалдемократи формираа коалициона влада со Христијанско социјалната партија во која Бауер беше министер за надворешни работи.
 
Кога [[Енгелберт Долфус]], со помош на елементи од Христијанско социјалната партија и на Хајмверот, во [[1933]] воспостави авторитарна корпоративна [[диктатура]], активностите на австриските социјалдемократи беа сериозно ограничени. По задушувањето на бунтот против владата во февруари [[1934]], Бауер беше принуден да пребегне во странство. Тој продолжи да го организира отпорот на социјалдемократите против диктатурата во Австрија прво од [[Брно]] во [[Чехословачка]], а потоа од [[Париз]]. Умира во Париз на 57-годишна возраст, само четири месеци по инкорпорирањето на Австрија во Третиот рајх од страна на [[Адолф Хитлер]] (т.н. „[[аншлус]]“).
 
== Творештво ==