Катедрала Свети Владимир (Киев): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Катедралата Свети Владимир''' (украински: Патріарший кафедральний собор св. Володимира, руски: Кафедральный собор Святого Владимира или Владимирский собор) е катедрала која се наоѓа во центарот на Киев, Украина. Катедралата е една од најголемите знаменитости на градот и претставува мајка-црква на Украинската Православна црква, една од двете украински православни цркви.
 
Во 1852 година, Митрополитот Филарет Московски предложил голема катедрала да биде изградена во Киев по повот 900 години од крштевањето на Киевска Рус од страна на кнезот Владимир, односно Свети Владимир. Така луѓето од скоро сите краишта на Руската Империја започнале да донираат средства за таа цел, така што во 1859 година, фондот натрупал огромна сума од 100.000 рубли.
Од страна на [[Киевско-печерска лавра|Киевско-печерската лавра]] биле донирани еден милион тули. Дизајнот бил извршен во нео-византиски стил од страна на архитектите. Висината на крстот на главната купола е 49 метри (161 стапки).