Разлика помеѓу преработките на „А. ден Долард“

Додадени 1.372 бајти ,  пред 9 години
дополнување
(поквалитетна фотографија)
(дополнување)
 
'''А. ден Долард''' ({{роден во|Зволе}} , {{роден на|7|февруари|1901}} – [[Хундерло]], {{починал на|26|јуни|1994}} ) ([[Холандски јазик|хол.]] ''A. den Doolaard'') е псевдоним за [[Холандија|холандски]]от писател '''Корнелис Јоханес Георг (Боб) Спулстра Помладиот''' (Cornelis Johannes George (Bob) Spoelstra jr.). Автор е на бројни книги од различен вид книжевност: романи, патописи, раскази, поезија.
 
== Биографија ==
Ден Долард учел во гимназијата во Хаг. По смртта на татко му работел како сметководител во нафтена компанија (1920-1928). Во 1926 тој го прави своето деби на полето на книжевноста со стихозбирка. Во 1928 година ја прекинува работата како сметководител и започнува со долги и чести патувања низ Балканот и Франција, каде што работел како ѕидар, собирач на грозје, земјоделски и пристанишен работник.
 
Кога германската армија навлегува во Холандија во 1940 година, тој и неговата сопруга избегале на југ. Успева да пристигне во Англија, откако поминал скоро една година во Франција.
 
По Втората светска војна, ден Долард се враќа во Холандија. Од 1954 година со семејството живее во Хундерло.
 
А. ден Долард често ја посетувал и [[Македонија]]. Поттикнат од [[Охрид]] и убавините на [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]], го напишал романот „[[Свадбата на седумте Цигани]]“ (''De bruiloft der zeven zigeuners''), кој за прв пат бил објавен во 1939 година, а потоа доживеал многу изданија. Главното дејство во романот се одвива во градот Охрид и покрај Охридското Езеро, поради што оваа книга се смета за значаен фактор во претставувањето на Охрид и Македонија кај пошироката читателска јавност во [[Холандија]].<ref>Мишо Јузмески: „Пофални слова“, Благоевград 2006 </ref>
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.adendoolaard.nl/ Животот и делото на А. ден Долард (холандски)]
* [http://www.carti-online-gratuite.eu/cartigratuite/721676/dh%C2%A1dh%C2%B2dh%C2%B0dh%C2%B4dh%C2%B1dh%C2%B0-dh%C2%B2dh%C2%BE-dhzn%C2%85n%C2%80dh%C2%B8dh%C2%B4-dh%C2%90-dh%C2%B4dhudh%C2%BD-dh%C2%94dh%C2%BEdh%C2%BBdh%C2%B0n%C2%80dh%C2%B4 „Свадбата на седумте Цигани“ на македонски јазик]
* [http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=34544 Мишо Јузмески: „Свадбата во Охрид“ (есеј за романот „Свадбата на седумте Цигани“ од А. ден Долард)]
Анонимен корисник