Лорена: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Економија: ситна поправка
с r2.7.2) (Бот Менува: ia:Lorena; козметички промени
Ред 36:
|iso region =
}}
[[ImageПодатотека:Place-stanislaus-nord-nancy.jpg|thumb|[[Нанси]] - [[Плоштад Станислас]] - [[Триумфална порта]]]]
'''Лорена''' ({{IPA-fr|lɔʁɛn}}; {{lang-de|Lothringen}}; [[лоренски јазик|лоренски]]: ''Louréne'') е еден од 27 ''[[Региони во Франција|региони]]'' на [[Франција]]. Тоа е административен регион со два града со еднакво значење, [[Мец]] и [[Нанси]]. Мец се смета за официјален главен град и во него се наоѓа регионалниот парламент. Името на регионот е дериват на средновековниот назив [[Лотарингија]].
 
Ред 43:
== Историја на регионот ==
Границите на областа наречена Лорена многу се менувале во текот на историјата. Во 843, [[Карло Велики]] умрел а [[Свето Римско царство|Светото римско царство]] било поделено меѓу тројцата негови внуци. Едниот од нив [[Лотар I|Лотар]], и неговото кралство, територија која се протегала од [[Фризија]] до [[Рим]], било наречено Лотарингија. Во 870, било одлучено ова кралство да стане грофовија во рамките на Источна Франкија. Во 962, кога [[Ото Велики]] го возобновил царството (''restauratio imperii''), Лорена останала грофовија во рамки на Светото римско царство сé до 1766.
[[FileПодатотека:Cathedrale_metz_2003.jpg|thumb|left|Катедралата Свети Стефан во [[Мец]], главниот град на Лорена.]]
 
[[Лотарингија]] доживеала голем просперитет во текот на 12-ти и 13-ти век во тек на владеењето на царевите од семејството [[Хоенстауфен]] но овој просперитет завршил во 14 век кога регионот бил зафатен со серија сурови зими, лоша берба како и со болести како [[Црна Смрт|Црната смрт ]] . Во тек на [[Ренесанса]]та, во Лотарингија повторно настапил период на просперитет во власта на [[Династија Хабсбург|Хабсбурговците]], сé до [[Триесетгодишна војна| Триесетгодишната војна]] Од 1766 до 1871 Лорена останала дел на Франција, и била причина на голем [[реваншизам]]. Населението било мешано, но сепак во голем дел луѓето зборувале на германски јазик. Национализмот бил во зародиш и како отпор против француската окупација на оваа територија посилно почнале да го чувствуваат својот германски идентитет иако порано се делеле на Баварци, Саксонци, Фризијци и многу други. Од 1871, Германското царство освоило дел од регионот на Лорена (регион што одговара на денешниот департман [[Мозел]]). Овој регион бил наречен империска провинција Алзас-Лорен (на [[германски јазик| германски]] Elsaß-Lothringen), што пак создало реваншистичко движење и во Франција. Во 1918, со [[Версајски договор| Версајскиот договор]], Германското царство претрпело големи територијални и друг вид загуби, вклучително и регионот Алзас-Лорен. Со ислкучок на периодот на Втората светска војна од 1939-1945, областа останала дел од Франција и властите силно го поттикнувале наметнувањето на францускиот јазик и култура за сметка на германскиот. Францускиот станал службен јазик и единствен јазик кој се изучувал во училиштата. Сепак, сé уште многу имиња на места, градови и улици носат германски имиња.
=== Развојот на границите на Лорена во модерната историја ===
[[ImageПодатотека:Lorraine1870.jpg|thumb|right|Лорена во 1870: Боите ги покажуваат оригиналните територии на департманите.]]
''Регионот'' на Лорена е поширок од историската грофовија на Лорена, која постепено потпаѓала под француска власт меѓу 1737 и 1766. Денешниот ''регион'' вклучува [[Француски провинции|провинции]] и области кои историски биле одвоени од самата грофовија Лорена. Тие се:
*[[Бароа]],
* [[Трите Бискупии]]: територии околу [[Мец]], [[Верден]], и [[Тул]] кои биле одвоени од [[Свето Римско царство| Светото римско царство]] во 16 век и потпаднале под француска власт.
* неколку мали кралства кои сќе уште биле дел од [[Свето Римско царство| Светото римско царство]] за време на [[Француска револуција|Француската револуција]].
Случајот со Бароа бил најкомплициран: западниот дел на Бароа (западно од реката [[Меза (река)| Меза]]), бил одвоен од остатокот на Бароа уште на почетокот на 14 век и потпаднал под француска власт. Од друга страна, поголемиот дел од Бароа (источно од реката Меза) бил [[Војводство Бар|војводството Бар]], како дел од [[Свето Римско царство| Светото римско царство]] кое било соединето со војводството Лорена во 15 век со бракот на војводата од Бар, [[Рене I од Неапол]], со ќерката на војводата од Лорена, [[Изабела, војвотка на Лорена|Изабела]]. Оттука Лорена и Бар биле соединети преку [[личен сојуз]] под ист војвода, иако формално тие останале посебни сé до нивното приклучување кон Франција во 1766.
Во тек на [[Француска револуција|Француската револуција]], биле создадени четири ''департмани'' на поголемиот дел на териториите на Бароа, Трите Бискупии и војводството Лорена: ''[[Меза]]'', ''[[Мерт]]'', ''[[Мозел]]'' и ''[[Вогези]]''. По 1870 некои делови на ''Мозел'' и ''Мерт'' станале германски а деловите кои останале француски го оформиле новиот департман [[Мерт-е-Мозел]]. По 1918 ''Мозел'' повторно станал француски. Кога францускиоте ''региони'' биле создадени во средината на 20 век, било одлучено ''Мерт-е-Мозел, ''Меза'', ''Мозел'' и ''Вогези'' да се соберат во еден единствен ''регион'', кој просто ќе се нарекува "Лорена".
== Географија ==
[[ImageПодатотека:Vallee-chajoux.jpg|thumb|left|Долината Шажу]]
Лорена е единствениот француски регион кој се граничи со три држави: [[Белгија]] ([[Валонија]]), [[Луксембург]], и Германија ([[Сарланд]], [[Рајнска област-Пфалц]]). Таа исто така се граничи и со француските региони [[Франш-Конте]], [[Алзас]], и [[Шампањ-Арден]]. Местоположбата на Лорена се смета за стратешка бидејќи преставува крстосница на четири народа и имала мошне важна улога во креирањето на политиката во Европа.
Поголемиот дел од регионот географски припаѓа на [[Париски Басен (геологија)|Парискиот басен]]. Источниот дел е повисок и таму се протега планинскиот масив [[Вогези]].
Повеќе реки течат по долината на Лорена меѓу кои: [[Мозел (река)| Мозел]], [[Мерт (река)| Мерт]], и [[Меза (река)| Меза]]. Повеќето се притоки на [[Рајна]].
Лорена се карактеризира со [[океанска клима]] со [[континентална клима|континентални]] климатски влијанија.
== Јазик и култура ==
[[FileПодатотека:Metz Theatre 2003.jpg|thumb|[[Опера-Театарот во Мец]]]]
[[ImageПодатотека:Longwy.jpg|thumb|Тврдината во [[Лонгви]], впишана како дел од Светското културно наследство на УНЕСКО како дел од [[Тврдини на Вобан|Вобановите тврдини]]]]
Поголемиот дел на Лорена има јасен француски идентитет. Бизмарк припоил околу трретина од денешната Лорена кон Германското царство после [[Франко-Пруска војна|Франко-Пруската војна]]. Областа позната како [[Мозел]], имала култура која не е лесно да се класифицира дали е [[Французи|француска]] или [[Германци|германска]], поседувајќи како [[Романски јазици|романска]] така и [[Германски јазици|германски]] дијалекти. Исто како и многу други погранични региони, така и во Лорена се испреплетуваат разни етникуми и дијалекти, кои понекогаш не се знае дали се повеќе француски или германски.
И покрај што францускиот е единствениот службен јазик, локалните германски дијалекти преживеале во северниот дел на регионот. Тие како целина се познати како [[лоренско-франски]] дијалект ( на француски се нарекува: ''francique'' или ''platt (lorrain)'') и овој не треба да се меша со ''[[Лоренски јазик|лоренскиот]]'', романскиот дијалект кој се зборува во регионот. Овие дијалекти се разликуваат од соседниот [[алзашки јазик]], на југ, иако честопати двата дијалекта лесно се мешаат. Историски, постојат две дијалектални семејства зборувани во германска Лорена. Во регионот се зборува како на мозелски така и на лоренско франски дијалект. Тие се слични на соседните западно-централни германски дијалекти кои се зборуваат во Луксембург и Германија.
Ред 68:
 
=== Гастрономија ===
==== Храна ====
[[ImageПодатотека:Quiche lorraine.png|thumb|200 px|[[Киш|Лоренски киш]].]]
Употребата на [[компир]]от во Лорена е забележана уште во 1665 и тој се користи во многу јадења кои традиционално се готват во регионот. Чаденото месо (сланина, шунка, пршута) исто така традиционално се користи во голем број лоренски специјалитети, вклучително и лоренскиот [[киш]]. Специфична овошка на овој регион е сливата [[Мирабел (слива)]] која што е вид на бела слива и карактеристична за Лорена. Сливата се користи во пити и други десерти како и за производство на [[алкохолни пијалоци]].
Традиционални јадења на регионот се:
Ред 86:
Лорена има старо католично наследство и речиси секое село си има своја црква. Црковните ѕвона, кои го означуваат времето на [[Ангел Господов|ангелот господов]] – и обично одѕвонуваат на секој минат час – престануваат да ѕвонат во текот на [[Света седмица|Светата седмица]]. Тие се заменети со деца кои користат рачни ѕвонца додека изговараат ''C'est l'Angélus!'' (Тоа е Ангелот Господов). После [[Велигден]], децата одат од куќа на куќа за да собираат ситни подароци.
Во Лорена се прославува [[Синтерклаас]], празник посветен на Свети Никола и кој традиционално се прославува на 5 декември а во некои области (Белгија), утрото на 6 декември.
== Економија ==
Со 44 милијарди [[евро|евра]], Лорена генерира 3.4% од францускиот БДП, и се наоѓа на 8 место меѓу 26 региони на Франција. Поледните години поголем растеж во економијата е забележан кај услужниот сектор додека традиционалните индустрии ([[текстил]], [[рударство]], [[металургија]]) беа во опаѓање и согласно тоа регионот доживеа поголема тешкотија во однос на порастот на стапката на невработеност која е приближна со онаа на национално ниво. Во 1997 последниот рудник за железо во Лорена, кој некогаш произведувал над 50 милиони тони железо, беше затворен.<ref>[http://minerals.usgs.gov/minerals/pubs/commodity/iron_ore/340497.pdf Iron Ore in 1997<!-- Bot generated title -->]</ref>
{| align="center" border="1" cellpadding="2" cellspacing="0"
Ред 120:
== Познати луѓе што потекнуваат од Лорен ==
=== Уметност и литература ===
[[ImageПодатотека:Emile Durkheim.jpg|thumb|лево|150px|[[Емил Диркем]]]]
* [[Жак Кало]] (1592–1635)
* [[Емил Еркман]] (1822–1899)
Ред 136:
* [[Патрик Батистон]] (1957-)
 
=== Историски личности ===
* [[Јованка Орлеанка]] (1412–1431)
 
Ред 146:
 
 
== Понатамошни четива ==
* Putnam, Ruth. ''Alsace and Lorraine: From Cæsar to Kaiser, 58 B.C.-1871 A.D.'' New York: 1915.
 
Ред 198:
[[io:Lotringia]]
[[id:Lorraine]]
[[ia:LorraineLorena]]
[[it:Lorena (regione francese)]]
[[he:לורן]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лорена