Спомен-плоча на Мара Бунева во Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 11:
[[Податотека:По-голямата част от скопската група и женската отганизация.jpg|мини|десно|350п|Поголемиот дел од скопската група на [[Македонска младинска тајна револуционерна организација|ММТРО]] и женската организација во април 1941 година, во Скопје на поклонение пред спомен плоча на Мара Бунева крај Вардар.
На преден план се Донка Наумов, Благој Михајлов и Славка Кратовалиева. Крајниот сосема десно е Димитaр Давидов]]
Спомен плочата и воопшто ликот на делото на [[Мара Бунева]] различно се гледа во [[Македонија]]. Еден дел од македонските граѓани и историчари сметаат дека Бунева како член на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] на [[Ванчо Михајлов]] се борела за бугарската кауза и отука нивните чуства кон спомен плочата и случувањата околу неа се негативни и ги чуствуваат како националистички провокации од разни пробугарски и бугарски националистички друштва и партии. Меѓутоа

Но еденне го делат сите нивното мислење. Еден дел од македонските опшетственици, политичари и историчари истакнуваат дека таа во суштина е македонски револуционер бидејќи се борела за [[Независна Македонија]], истакнувајќи дека:
 
: ''Обичното членство на ВМРО, четниците, атентаторите и терористите биле регрутирани од редовите на македонските емигрантски и бегалски маси во Пиринска Македонија и Бугарија. Тоа биле претежно млади луѓе, кои биле задоени со фанатичен македонски патриотизам и не биле запознаени од "високата" политика на одредени раководители на ВМРО, така што безрезервно верувале во сите постапки на нивните водачи, во кои гледале продолжувачи на борбата на илинденската ВМРО. Поголемиот дел од тие Македонци биле без родители и ја почувствувале тежината на емигрантскиот живот во Бугарија, каде најчесто биле без сигурна работа и постојано живеалиште поради нивната сиромаштија. Меѓутоа помеѓу нив имало и образувани, студенти и интелектуалци кои цврсто верувале во издигнатиот од ВМРО лозунг за автономна Македонија. Сите овие луѓе безрезервно биле пречекувани од страна на организациската мрежа на ВМРО, која најпрвин им обезбедувала привремени престојувалишта и ги снабдувала со одредена сума на пари за да преживеат. За сметка на тоа тие биле должни да ги исполнуваат сите наредби на раководството на Организацијата, меѓу кои било служењето во комитските чети, а подоцна учество во т.н. тројки и петорки, кои извршувале атентати во Вардарска и Егејска Македонија. Доколку добивале наредба да извршат атентат врз некој деец од македонското револуционерно движење, главен предуслов бил тие да не ја познаваат жртвата, за која што цел постоел посебен човек, кој имал за задача да ја посочи потенцијалната цел, неколку моменти пред извршувањето на атентатот. Така постепено со текот на времето се создавала една посебна категорија на Македонци, кај кои за нивната вооружена дејност во ВМРО добивале плата и на тој начин настанала професијата-платен "револуционер" односно терорист...'' <ref>ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, Автори Виолета Ачковска и Никола Жежов,Скопје,2004 год</ref>