Едмунд Хусерл: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: vi:Edmund Husserl
с r2.7.2) (Бот Менува: am:ኤድመንድ ሁሠርል; козметички промени
Ред 22:
Хусерловото учење и пишување влијаело врз другите: Едит Штајн, Роман Ингарден, Јан Лукасијевич, Казимир Ајдукјевиз, Мартин Хајдегер, Емануел Левинас, Хана Арент, Курт Годел, Хосе Пртега и Гасет, Паул Рикор, Макс Шелер, Теодор Адорно, Жак Дерида, и Џон Паул II.
 
== Живот и кариера ==
=== Младост и образование ===
Хусерл е роден во 1859 година во Просниц (германски: Prossnitz), град во Бохемија во провинција Моравија, кој што тогаш беше австриската империја, после 1918 година во Чехословачка, а од 1993 година во Чешка. Тој е роден во еврејско семејство, и е вториот од четирите деца (момче, момче, девојче, момче). Детството го поминал во Просниц, каде што одел на основното училиште. Потоа Хусерл отпатувал во Виена за да студира во гимназија таму, а потоа пак во државната гимназија во Оломоуц.
 
Ред 36:
Во 1887 тој се оженил Малвин Штајншнајдер, заедница што ќе потрае повеќе од педесет години. Во 1892 година е родена нивната ќерка Елизабет, во 1893 година синот Герхард, а во 1894 година синот Волфганг. Елизабет ќе се венча во 1922 година, Герхард во 1923 година, а пак Волфганг ќе стане жртва на Првата светска војна.
 
=== Професор по филозофија ===
По венчавката, Хусерл ja започна својата долга кариера како професор по филозофија. Започна таму, каде што во 1887 година беше доцент на Универзитетот Мартин Лутер во Хале-Витенберг. Во 1891 тој го издаде своето дело „Philosophie der Arithmetik„ („Филозофија на аритметиката„). „Psychologische und logische Untersuchungen„ (психолошки и логични истражувања), кои повикувајќи се на неговите претходни студии по математика и филозофија, предлагаат еден вид на психолошка смисла како основа на математиката. Готлоб Фреге го критикуваше неговиот психологизам.
 
Ред 56:
Откако преживеал удар, есента во 1937 година, филозофот се разболел од плеврит. Едмунд Хусерл починал на 27 април 1938 година во Фрајбург, непосредно откако наполнил 79 години. Неговата жена Малвине го надживеала.
 
== Хајдегер и ерата на нацистите ==
На професорот Хусерл не му било дозволено да ја користи библиотеката во Фрајбург како резултат на анти-еврејската законска регулатива на нацистите од април 1933 година. Се зборувало, дека неговиот поранешен ученик, Мартин Хајдегер, го информирал Хусерл дека е отпуштен, но ова Хајдегер подоцна го одрекува.
 
Ред 63:
Во време на војната во 1941 година било објавено делото на Хајдегер Being and Time (за прв пат објавено во 1927 година), а оригиналната посвета за Хусерл била отстранета. Посветата сеуште може да се најде во футнота на страна 38, во која се заблагодарува на Хусерл за советувањето и великодушноста.
 
== Развој на неговата мисла ==
=== Неколку од првите трудови ===
Во првите дела, Хусерл се обидувал да ги комбинира математиката, психологијата и филозофијата со главна цел да обезбеди цврста основа за математиката. Тој го анализира психолошкиот процес, потребен за да се добие концептот на број, а потоа се обидува да го изгради до систематска теорија на оваа анализа. За да го постигне ова се послужил со неколку методи и концепти кои ги превземал од своите професори. Од Вајтерштрас потекнува идејата, дека ние го генерираме концептот на број со броење на одреден збир на предмети. Од Брентано и Штрумф ја презема разлика меѓу правилното и неправилното презентирање.
 
Во еден пример Хусерл го објаснува ова на следниов начин: ако се стоиш пред куќа, да имаш соодветна, директна претстава за таа куќа, но ако си во потрага по неа и да прашаш за патот, тогаш овие насоки (пр. куќата на аголот од оваа улица) се индиректна односно несоодветна претстава за нештото. Со други зборови, соодветна претсава може да се добие само доколку е тој објект присутен, а несоодветна претстава за нештата е доколку тој објект мора да се објасни со знаци, симболи, итн.
 
== Филозофија ==
=== Филозофија на аритметиката и Фреге ===
Исто така, различни извори укажуваат на тоа дека Хусерл се предомислил за психологизмот уште во 1890 година, една година пред тој да го објави делото „Филозофија на Аритметиката“ (Philosophy of Arithmetic). Оваа промена на неговото мислење се должи на неговите проучувања на Лајбниц, Болцано, Лотце и Давид Хум.
 
Ред 82:
Концепцијата на Хусерл за логиката и математиката се разликува од онаа на Фреге, кој се држи до тоа дека аритметика може да биде изведен од логиката. За Хусерл ова не е случај: математика (со исклучок на геометријата) е на онтолошка корелација со логиката, и додека двете полиња се поврзани, ниту една не се редуцира строго заради другата.
 
== Критичкиот поглед на Хусерл врз психологизмот ==
Според психологизмот, логиката не е автономна дисциплина, туку гранка на психологијата. Хусерл тврди дека е неуспех кога не може да се разграничи темелната и теоретската страна на логиката.
 
Ред 92:
Разликата помеѓу критицизам и психологизам е тоа,дека психолошките дела имаат намерни објекти, а разликата меѓу нормативната страна на логика и на теоретската страна, потекнува концепција на логиката на Платон. Ова значи, дека благодарејќи на логичните и математичките закони имаме независнот на човековиот ум, како и на анатомијата и нејзините значења. Тоа е суштинската разлика помеѓу реалното и идеалното или нереалното, како што се логични вистини, математички субјекти, математички вистини и значењата општо.
 
== Филозофи под влијание на Хусерл ==
'''Мартин Хајдегер''' е веројатно најпознатиот студент на Хурсел, а воедно и оној кој Хурсел го избрал за наследник во Фрајбург. Хајдегер напишал книга,која ја посветил на Хусерл. Повеќе од една деценија работеле заедно на универзитетот во Фрајбург,каде постојано разменувале мислења. Во тој период (1920-1923 година) Хајдегер бил асистент на Хусерл. Првите дела на Хајдегер го следеле професорот, но со текот на времето тој започнал да развива нови согледувања и дистинктивни варијанти. Хусерл станал сè покритички спрема работа на Хајдегер, особено во 1929 година, а упатил зајадливи критики на Хајдегер во предавањата кои тој ги одржал за време на 1931 година. Хајдегер, иако го признава својот долг кон Хусерл, проследил со политичка позиција која е навредлива и штетна за Хусерл откако нацистичкиот режим доаѓа на власт во 1933 година, бидејќи Хусерл имал еврејско потекло а Хајдегер нацистички заговорник.
 
Ред 124:
'''Ортега и Гасет''' во 1934 година го посетил Хусерл во Фрајбург. Тој лично не бил феноменологист , но на латинска Америка и ја претставил филозофијата.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
[[Категорија:Германски философи]]
 
[[af:Edmund Husserl]]
[[am:ኤድመንድ ኸስረልሁሠርል]]
[[ar:إدموند هوسرل]]
[[bs:Edmund Husserl]]