Лорена: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Јазик и култура: дополнување
Ред 67:
Како поголемиот дел на [[Јазици во Франција|регионалните јазици на Франција]] (како [[Бретонски јазик|бретонскиот]], [[Каталонски јазик|каталонскиот]], [[Окситански јазик|провансалскиот]] и [[Алзашки јазик|алзашкиот]]), така и лоренско-франскиот мозелски дијалект нашироко бил заменет со францускиот јазик, особено кога францускиот како службен јазик бил воведен во рамки на училиштата во 19 и 20 век. Сепак, постојат напори да се зачуваат овие дијалекти и денес некои од постарите луѓе сé уште ги користат.
 
=== Гастрономија ===
====Храна====
Употребата на [[компир]]от во Лорена е забележана уште во 1665 и тој се користи во многу јадења кои традиционално се готват во регионот. Чаденото месо (сланина, шунка, пршута) исто така традиционално се користи во голем број лоренски специјалитети, вклучително и лоренскиот [[киш]]. Специфична овошка на овој регион е сливата [[Мирабел (слива)]] која што е вид на бела слива и карактеристична за Лорена. Сливата се користи во пити и други десерти како и за производство на [[алкохолни пијалоци]].
Традиционални јадења на регионот се:
* [[Киш|Quiche Lorraine]]
* Pâté lorrain (Лоренска паштета, приготвена од свинско месо)
* Potée lorraine (Лоренска чорба приготвена од чадено месо и колбаси, со зелка и друг зеленчук (компир, морков и други корени))
* Andouille (вид чаден колбас од свинско месо)
Некои видови сирења исто така потекнуваат од Лорена како на пример: [[Carré de l'Est]], [[Brouère]], [[Munster (cheese)|Munster-géromé]]...
Десертите вклучуваат: [[Мадлен (колач)|Мадлен]], [[Макарон]], [[Рум-баба]] и разноразни пити (од боровинки, сливи и сл.)
==== Пијалоци ====
* '''Вино''': Најпознатото лоренско вино е [[Côtes de Toul]]. Има виногради во долината на Мозел, долината на [[Сеј (Мозел)|Сеј]], долината на Мец, и долината на [[Сирк]].
* '''Пиво''': Историски, Лорена поседувала многу пивници, вклучително и пивницата Шампињел, која датира од 20 јуни 1897.
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лорена