Лорена: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, додаден шаблон, категории
дополнување
Ред 40:
 
Регионот се состои од четири департмани: [[Мерт-е-Мозел]], [[Меза]], [[Мозел]] и [[Вогези]] и содржи 2,337 општини.
 
== Историја на регионот ==
Границите на областа наречена Лорена многу се менувале во текот на историјата. Во 843, [[Карло Велики]] умрел а [[Свето Римско царство|Светото римско царство]] било поделено меѓу тројцата негови внуци. Едниот од нив [[Лотар I|Лотар]], и неговото кралство, територија која се протегала од [[Фризија]] до [[Рим]], било наречено Лотарингија. Во 870, било одлучено ова кралство да стане грофовија во рамките на Источна Франкија. Во 962, кога [[Ото Велики]] го возобновил царството (''restauratio imperii''), Лорена останала грофовија во рамки на Светото римско царство сé до 1766.
[[File:Cathedrale_metz_2003.jpg|thumb|left|Катедралата Свети Стефан во [[Мец]], главниот град на Лорена.]]
 
[[Лотарингија]] доживеала голем просперитет во текот на 12-ти и 13-ти век во тек на владеењето на царевите од семејството [[Хоенстауфен]] но овој просперитет завршил во 14 век кога регионот бил зафатен со серија сурови зими, лоша берба како и со болести како [[Црна Смрт|Црната смрт ]]. Во тек на [[Ренесанса]]та, во Лотарингија повторно настапил период на просперитет во власта на [[Династија Хабсбург|Хабсбурговците]], сé до [[Триесетгодишна војна| Триесетгодишната војна]] Од 1766 до 1871 Лорена останала дел на Франција, и била причина на голем [[реваншизам]]. Населението било мешано, но сепак во голем дел луѓето зборувале на германски јазик. Национализмот бил во зародиш и како отпор против француската окупација на оваа територија посилно почнале да го чувствуваат својот германски идентитет иако порано се делеле на Баварци, Саксонци, Фризијци и многу други. Од 1871, Германското царство освоило дел од регионот на Лорена (регион што одговара на денешниот департман [[Мозел]]). Овој регион бил наречен империска провинција Алзас-Лорен (на [[германски јазик| германски]] Elsaß-Lothringen), што пак создало реваншистичко движење и во Франција. Во 1918, со [[Версајски договор| Версајскиот договор]], Германското царство претрпело големи територијални и друг вид загуби, вклучително и регионот Алзас-Лорен. Со ислкучок на периодот на Втората светска војна од 1939-1945, областа останала дел од Франција и властите силно го поттикнувале наметнувањето на францускиот јазик и култура за сметка на германскиот. Францускиот станал службен јазик и единствен јазик кој се изучувал во училиштата. Сепак, сé уште многу имиња на места, градови и улици носат германски имиња.
=== Развојот на границите на Лорена во модерната историја ===
[[Image:Lorraine1870.jpg|thumb|right|Лорена во 1870: Боите ги покажуваат оригиналните територии на департманите.]]
''Регионот'' на Лорена е поширок од историската грофовија на Лорена, која постепено потпаѓала под француска власт меѓу 1737 и 1766. Денешниот ''регион'' вклучува [[Француски провинции|провинции]] и области кои историски биле одвоени од самата грофовија Лорена. Тие се:
*[[Бароа]],
* [[Трите Бискупии]]: територии околу [[Мец]], [[Верден]], и [[Тул]] кои биле одвоени од [[Свето Римско царство| Светото римско царство]] во 16 век и потпаднале под француска власт.
* неколку мали кралства кои сќе уште биле дел од [[Свето Римско царство| Светото римско царство]] за време на [[Француска револуција|Француската револуција]].
Случајот со Бароа бил најкомплициран: западниот дел на Бароа (западно од реката [[Меза (река)| Меза]]), бил одвоен од остатокот на Бароа уште на почетокот на 14 век и потпаднал под француска власт. Од друга страна, поголемиот дел од Бароа (источно од реката Меза) бил [[Војводство Бар|војводството Бар]], како дел од [[Свето Римско царство| Светото римско царство]] кое било соединето со војводството Лорена во 15 век со бракот на војводата од Бар, [[Рене I од Неапол]], со ќерката на војводата од Лорена, [[Изабела, војвотка на Лорена|Изабела]]. Оттука Лорена и Бар биле соединети преку [[личен сојуз]] под ист војвода, иако формално тие останале посебни сé до нивното приклучување кон Франција во 1766.
Во тек на [[Француска револуција|Француската револуција]], биле создадени четири ''департмани'' на поголемиот дел на териториите на Бароа, Трите Бискупии и војводството Лорена: ''[[Меза]]'', ''[[Мерт]]'', ''[[Мозел]]'' и ''[[Вогези]]''. По 1870 некои делови на ''Мозел'' и ''Мерт'' станале германски а деловите кои останале француски го оформиле новиот департман [[Мерт-е-Мозел]]. По 1918 ''Мозел'' повторно станал француски. Кога францускиоте ''региони'' биле создадени во средината на 20 век, било одлучено ''Мерт-е-Мозел, ''Меза'', ''Мозел'' и ''Вогези'' да се соберат во еден единствен ''регион'', кој просто ќе се нарекува "Лорена".
== Географија==
[[Image:Vallee-chajoux.jpg|thumb|left|Долината Шажу]]
Лорена е единствениот француски регион кој се граничи со три држави: [[Белгија]] ([[Валонија]]), [[Луксембург]], и Германија ([[Сарланд]], [[Рајнска област-Пфалц]]). Таа исто така се граничи и со француските региони [[Франш-Конте]], [[Алзас]], и [[Шампањ-Арден]]. Местоположбата на Лорена се смета за стратешка бидејќи преставува крстосница на четири народа и имала мошне важна улога во креирањето на политиката во Европа.
Поголемиот дел од регионот географски припаѓа на [[Париски Басен (геологија)|Парискиот басен]]. Источниот дел е повисок и таму се протега планинскиот масив [[Вогези]].
Повеќе реки течат по долината на Лорена меѓу кои: [[Мозел (река)| Мозел]], [[Мерт (река)| Мерт]], и [[Меза (река)| Меза]]. Повеќето се притоки на [[Рајна]].
Лорена се карактеризира со [[океанска клима]] со [[континентална клима|континентални]] климатски влијанија.
== Јазик и култура ==
[[File:Metz Theatre 2003.jpg|thumb|[[Опера-Театарот во Мец]]]]
[[Image:Longwy.jpg|thumb|Тврдината во [[Лонгви]], впишана како дел од Светското културно наследство на УНЕСКО како дел од [[Тврдини на Вобан|Вобановите тврдини]]]]
Поголемиот дел на Лорена има јасен француски идентитет. Бизмарк припоил околу трретина од денешната Лорена кон Германското царство после [[Франко-Пруска војна|Франко-Пруската војна]]. Областа позната како [[Мозел]], имала култура која не е лесно да се класифицира дали е [[Французи|француска]] или [[Германци|германска]], поседувајќи како [[Романски јазици|романска]] така и [[Германски јазици|германски]] дијалекти. Исто како и многу други погранични региони, така и во Лорена се испреплетуваат разни етникуми и дијалекти, кои понекогаш не се знае дали се повеќе француски или германски.
И покрај што францускиот е единствениот службен јазик, локалните германски дијалекти преживеале во северниот дел на регионот. Тие како целина се познати како [[лоренско-франски]] дијалект ( на француски се нарекува: ''francique'' или ''platt (lorrain)'') и овој не треба да се меша со ''[[Лоренски јазик|лоренскиот]]'', романскиот дијалект кој се зборува во регионот. Овие дијалекти се разликуваат од соседниот [[алзашки јазик]], на југ, иако честопати двата дијалекта лесно се мешаат. Историски, постојат две дијалектални семејства зборувани во германска Лорена. Во регионот се зборува како на мозелски така и на лоренско франски дијалект. Тие се слични на соседните западно-централни германски дијалекти кои се зборуваат во Луксембург и Германија.
Како поголемиот дел на [[Јазици во Франција|регионалните јазици на Франција]] (како [[Бретонски јазик|бретонскиот]], [[Каталонски јазик|каталонскиот]], [[Окситански јазик|провансалскиот]] и [[Алзашки јазик|алзашкиот]]), така и лоренско-франскиот мозелски дијалект нашироко бил заменет со францускиот јазик, особено кога францускиот како службен јазик бил воведен во рамки на училиштата во 19 и 20 век. Сепак, постојат напори да се зачуваат овие дијалекти и денес некои од постарите луѓе сé уште ги користат.
 
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лорена