Македонска младинска тајна револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 37:
{{ВМРО (Aвтономистичка)}}
ММТРО со своите програмски цели и како помошна организација на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] го загрозувала уставниот и државниот поредок на [[Кралството Југославија]] и [[Грција]]. Тамошните власти презеле соодветни мерки за разбивањето на оваа организација. Во [[Вардарска Македонија]], српските власти покрај легалистичките мерки го формирале и т.н [[Здружение за уништување на бугарските банди|Здружението за уништување на бугарските банди]] кое ги гонело македонските револуционери од ММТРО, ова здружение ги ликвидирало гевгелискиот раководител Трајко Попов и дојранскиот раководител Никола Чакров, како и други членови на ММТРО <ref>[http://www.promacedonia.org/ag/ag_4_6.html Гиза, Антони, „Балканските държави и Македония“, Македонски Научен Институт ­ София, 2001 г.]</ref>.
[[Податотека:Борис Светиев.jpg|мини|лево|150п|]]
 
Во мај 1927 година доаѓа до голема провала сред ММРТО <ref group="белешка" name="vg_o"/>. На 27 мај најпрво бил уапсен Димитар Ѓузелов, на 29 мај 1927 година, а потоа и другите дејци. По нивното апсење се спроведува т.н [[Скопски студентски процес|Скопскиот студентски процес]]. Судењето започнало на 15 ноември 1927 година и траело само неколку дена. Тоа побудило големо интересирање и за него пишувале сите поголеми европски весници. Пресудите биле изречени на 10 декември 1927 година. Деветмина од нив биле осудена на казна затвор - Димитар Ѓузелов од Дојран и Иван Шопов од Гевгелија на по 20 години строг затвор, Димитар Нацев од Струмица на 15, Димитар Чкатров од Прилеп на 10 години. На петмина од нив - Харалампие Фукаров, студент на Машински факултет во Белград, Тодор Гичев од Штип, Борис Андреев од Велес, Штерјо Баздов од Крушево и Борис Светиев од Битола им е изречена казна од по пет години затвор. Другите единаесетмина: Петар Хаџипанзов, Георги Хаџиманов, двајцата од Велес, Јордан Сапунџиев од Дојран, Кирил Вангелов, Христо Хаџикимов, Благој Манев, Тодор Христов, Страхил Иванов, Кирил Караџов, сите од Штип, биле ослободени