Разговор:Културно движење: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
---
 
-=
 
Ред 1:
Архитектура (на латински architectura, со потекло од грчкиот збор ἀρχιτέκτων – arkhitekton, односно, ἀρχι - “управител” и τέκτων – “градител, дрводелец, ѕидар”, може да ја претставува:
 
* Уметноста и науката за проектирање и издигнување на градби и други материјални објекти.
* Вештината на архитектот, при што, архитектура значи да се понудат или да се дадат професионални услуги во врска со проектирање и изградба на една или повеќе згради, опфаќајќи го и просторот околку зградите, кој ќе биде користен од страна на луѓето.
* Општ термин со кој се опушуваат згради и други структури.
* Стилот и начинот на проектирање и изградба на згради и други материјални објекти.
 
Поопширна дефиниција може да ги опфати сите проектирачки активности, од најниско ( урбанистички проект, пејсажна архитектура) до највисоко ниво (детали во врска со изградбата и мебел). Архитектурата е и процесот и производот од планирањето, проектирањето и изградбата на формата, просторот и амбиентот, кои се одраз на функционални, технички, социјални и естетски сфаќања. Таа бара креативна манипулација и координација на материјали, технологија, светло и сенка. Архитектурата, исто така, ги опфаќа прагматичните аспекти за реализирање на зградите и структурите, вклучувајќи распоред, пресметување на цена и управување со изградбата. Архитектурата ја дефинира структурата и/или држењето на една зграда или друг вид на систем, кој треба да биде или е веќе изграден.
Назад на страницата „Културно движење“.