Владимир Поп Томов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
 
== Биографија ==
Владимир Поп Tомов е роден на [[8 февруари]] (27 јануари стар стил) [[1890]] година во [[Белица (појаснување)|Белица]], во тоа време дел од [[Отоманската империја]]. Завршува педагошко училиште во [[Сер]] во [[1911]] година, по што извесно време е учител во [[Банско]]. Во 1912 година станува член на Бугарската работничка социјалдемократска партија (тесни социјалисти), подоцна преименувана на БКП. Во [[1914]] завршува Школата за резервни офицери во [[Софија]] и за време на [[Првата светска војна]] служи како подпоручик во Бугарската армија <ref>Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999</ref>.
 
По војната Поптомов учествува во раководството на БКП во [[Петрич]] и [[Горна Џумаја]], во 1920 година е избран за пратеник. По неуспехот на Септемвриското востание во [[1923]] година се повлекол во реонот на Разлог, а потоа емигрира во [[Кралство Југославија|Југославија]], во 1924 година е осуден во отсуство на смрт. Според друг извор, бил заробен за време на востанието од чета на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]], но подоцна е ослободен <ref>Македония - история и политическа съдба, Том II, ИК Знание, София, 1998, стр.122.</ref>.
 
Во [[1925]] година станува еден од основачите на [[ВМРО (обединета)]] и нејзин политички секретар, а до [[1933]] година е и главен уредник на весникот [[Македонско дело (весник)|"Македонско дело"]].
 
== Наводи ==
<references/>