Протогеровисти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
 
Во меѓувреме Панчо Михајлов успеал да избега од чуварите и се скрил во куќата на генералот Ќуркчиев, којшто му бил пријател од време на војната. Кога на Иван Михајлов му соопштиле за бегството, тој побарал без суд да биде егзекутирана стражата што го чувала затвореникот. И покрај противењето на [[Петар Шанданов]], еден од обезбедувањето, Крум Зарков бил веднаш убиен. Иван Михајлов веднаш побарал од Шанданов да влезе во контакт со кочанскиот војвода и да го изведе пред судот на Организацијата, на што Шанданов се спротивставил и барал цврсти гаранции дека Панчо Михајлов нема да биде убиен. На тоа Михајлов му одговорил дека имал сигурни сознанија дека обвинетиот се подготвувал да замине во странство и да се поврзе со федералистите во [[Виена]]. Сепак по упорното инсистирање на Шанданов за невиноста на Панчо Михајлов, [[Иван Михајлов]] ветил дека по формалното судење, кочанскиот војвода ќе бил ослободен.
[[Податотека:Петар Шанданов.jpg|мини|лево|150п|Петар Шанданов]]
 
По ваквите гаранции од [[Иван Михајлов]], Шанданов преку жената на Панчо и генералот Ќуркчиев успеал да стапи во контакт со обвинетиот од страна на ВМРО, при што од генералот постојано се нагласувало дека евентуалното убиство би предизвикало негативен ефект кај [[Македонска емиграција во Бугарија|македонската емиграција]], кај која Панчо Михајлов уживал голем авторитет. По сите овие разговори, Панчо Михајлов се предал на организациските власти и по судењето навистина бил ослободен, поради заслугите во минатото по однос на Македонија, при што пресудата била исклучување од редовите на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] на неодредено време. По сите овие случувања Панчо Михајлов еден ден му се заблагодарил на Шанданов и му напоменал дека заради егзистенцијални причини сакал да почне со работа како сметководител во фабриката за шеќер во [[Горна Ораховица]].
 
Ред 41:
 
Постепено во ВМРО се создала една групација околу Протоѓеров која била опозициски настроена кон Михајлов и неговите приврзаници. Дел од членови на Задграничното претставништво како и други дејци поврзани со Организацијата, меѓу кој Петар Шанданов и Крстан Поп Тодор, почнале да го поткрепуваат Протоѓеров.
[[Податотека:Кирил Дрангов, син на Борис Дрангов и член на ВМОРО на панахида на баща си в Скопие в 1942г..jpg|мини|лево|200п|Кирил Дрангов]]
 
Двете групации имале и различни погледи за идната дејност на Организацијата. По налог на Иван Михајлов и покрај противењето на вториот член на ЦК, Протоѓеров, ВМРО започнала радикално да го менува начинот на вооружено дејствување во [[Вардарска Македонија|Вардарска]] и [[Егејска Македонија]]. Додека Александар Протоѓеров се залагал да се применува четничкиот метод на борба, Михајлов целосно ги прифатил методите на класичното терористичко дејствување, за кои сметал дека ќе постигнат подобри резултати.