Попис на населението во Македонија (2011): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
 
Првичните подготовки за пописот биле направени уште во текот на [[2008]] година<ref>{{цитирање вести|url=http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111810947293&id=9&prilog=0&setIzdanie=22136|title=Пописот од 1 април виси на конец|publisher=Нова Македонија|language=македонски|accessdate=2011-09-30}}</ref>. Според тогашниот план, пописот во земјата требало да започне на 1 април 2011 година<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=78870B211A75DE409B70987963043805|title=Во април 2011 г. попис на населението во РМ|publisher=Вечер|language=македонски|accessdate=2011-09-30}}</ref>, поради распуштањето на парламентот и закажување на предвремени [[Македонски парламентарни избори, 2011|парламентарни избори]] во [[Македонија]], кои се одржале на [[5 јуни]]<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://www.vest.com.mk/?ItemID=7475B043C851BE469A4C89D24BFCF1C0|title=Пописот се одлага за октомври|publisher=Вест|accessdate=2011-09-30}}</ref> како и поради проблемите предизвикани од поделбите во Државната пописна комисија во однос на одлуката за бројот на попишувачи припадници на етничките заедници.
 
По формирањето на новиот парламент, подготовките за попис продолжиле. Подготовката и реализацијата на пописот на населението, домаќинствата и становите го следи Еуростат. Тимот што ја врши експертската проценка го предводи Жан Мишел Дур, меѓународно признат експерт за пописи, кој претходно работел за Унитед Натионалс Статистицал Дивисион. Преку експертската проценка, Еуростат ќе образложи независно експертско мислење за тоа дали пописот е спроведен во согласност со меѓународните препораки за спроведување попис посочени од страна на УНЕЦЕ/Еуростат и прифатени од страна на Конференцијата на европските статистичари како принципи и препораки за пописот на населението и домаќинствата<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=63D8549DEE0BA749BE5D9F8E6922A696|title=Еуростат го следи пописот во Македонија|publisher=Дневник|accessdate=2011-09-30}}</ref>.
 
Пред започнувањето на пописот, на [[30 септември]] претседателот на Државната пописна комисија Весна Јаневска поднела оставка<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/popisot-pochnuva-utre-so-novo-rakovodstvo-na-drzavnata-popisna-komisija|title=Пописот почнува утре со ново раководство на Државната пописна комисија|publisher=Телевизија Сител|accessdate=2011-09-30}}</ref>По оставката, Пописната комисија одржала седница на која ја назначила [[Слободанка Гиевска]] за нов претседател на Комисијата. На местото на Беџети кој исто така си поднел оставка, како нов потпретседател на Комисијата бил избран [[Бујар Османи]].