Тони Пјулис: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
}}
 
'''Ентони Ричард Пјулис''' ({{lang-en|Anthony Richard "Tony" Pulis}}) или '''Тони Пјулис''' е [[Велс|велшки]] фудбалски менаџер роден во [[Њупорт]] на [[16 јануари]] [[1958]] година. Тој е моментално тренер на тимот од англиската [[Премиер лига]] [[Стоук Сити]]. Тој е поранешен фудбалер на помали тимови во [[Англија]] како [[ФК Бурнемаут|Бурнемаут]] и [[ФК Бристол Роверс|Бристол Роверс]]. Неговиот син [[Ентони Пјулис]] е исто така професионален фудбалер.
 
==Менаџерска кариера==
Пјулис своите први менаџерски чекори ги направи во тимот во којшто играше, Бурнемаут како играч тренер (помошник тренер на [[Хари Реднап]]). По заминувањето на Реднап од клупата Пјулис беше и официјало назначен за прв пат како менаџер на една екипа.Но тука не се задржи многу и само две години од 1992–1994.По Бурнемаут тој го презеде кормилото на во тој момент една лига подобро рангираниот [[ФК Гилингем|Гилингем]]. Во [[ФК Гилингем|Гилингем]] остана 4 години но неуспеа да го внесе тимот во [[Премиер лига]]та по што следеше трансфер во [[ФК Бристол сити|Бристол Сити]].Пјулис беше назначен за менаџер на [[ФК Бристол сити|Бристол]] во јули 1999.Добрите изданија на тимот под негово водство и победите над неколку премиерлигаши му обезбедија на Велшанецот можност да се пресели во уште поголем тим.Во јануари од сезоната Пјулис прејде во [[Портсмут ФК|Портсмут]] во 2000 година. Но и Портсмут во тој момент се натпреваруваше во втората лига по ранг во [[Англија]] а сопственик беше [[Милан Мандариќ]]. На [[Фратон Парк]] тој остана само 10 месеци кога беше заменет со [[Стив Клариџ]].
 
По две години без работа тој стигна на клупата на [[Стоук Сити|Стоук]] со цел конечно да избори премиерлигашка сезона.Но тимот во трите сезони кои го предводеше Пјулис имаше лоши резултати а најдобриот пласман беше 11-тото место во сезоната 2003-04 па на 30 јуни Пјулис беше отпуштен и заменет со [[Јохан Боскамп]].