Среднодолногермански јазик: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox language |name = Среден долногермански |nativename = ''Niederdeutsch'' |pronunciation = ˈniːdɐˌdɔʏtʃ |scrip...
(нема разлика)

Преработка од 07:08, 29 септември 2011

Средниот долногермански јазик (герм. Mittelniederdeutsche Sprache, изворно: Niederdeutsch) e јазик кој потекнувал од старосаксонскиот (т.е. стариот долногермански) и е предок на современиот долногермански јазик. Имал голема важност како службен јазик (лингва франка) на големиот стопански сојуз Ханза. Се говорел од околу 1100 до 1600 г.

Среден долногермански
Niederdeutsch
Изговорˈniːdɐˌdɔʏtʃ
Застапен војужнобалтичко приморје, југоисточно северноморско приморје
Изумренизумрел, претворајќи се во денешниот долногермански; заменет од современиот горногермански стандард
Јазично семејство
Дијалекти
Писмолатиница (варијанта „фрактура“)
Јазични кодови
ISO 639-3
gml — долногермански (генер.)
Linguasphere52-ACB-ca
{{{mapalt}}}
Северна Европа во 1400 г. Прикажан е стопанскиот сојуз наречен „Ханза

Сродни јазици

Соседни јазици на средниот долногермански во дијалектички континуум на западногерманските јазици биле среднохоланскиот на запад и средниот горногермански на југ, кој потоа бил заменет со нововековниот горногермански.

Средниот долногермански е извор на голем број на заемки во нордиските јазици, што се должи на близките трговски врски помеѓу народите во Ханзата. Како таков, се смета за најголем извор на заемки во континенталните скандинавски јазици и естонскиот јазик.

Историја

Средниот долногермански претставувал лингва франка на Ханзата, и се говорел во сите краишта околу Северното и Балтичкото Море. Извор на јазикот било наречјето во градот Либек. Со тек на време правописот почнал да се стандардизира, но јазикот ne доживеал кодификација.

Важноста на јазикот и неговото влијание се забележува и денес по многуте заемки навлезени во скандинавските, балтофинските и балтичките јазици, како и во стандардниот германски и англискиот јазик.

Во доцното средновековие средниот долногермански го изгубил својот престиж за сметка на нововековниот горногермански. Ова елитно наречје најпрвин се јавило во писменото општење и книжевноста, а потоа и во самиот говор на високите класи. Причините за оваа промена е опаѓањето на моќта и влијанието на Ханзата, проследено од политичката несамостојност на северна Германија и културната предоминантност на средна и јужна Германија со доаѓањето на протестантската реформација и Лутеровата Библија.

Книжевност

Поврзано