Теорија на струните: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ текст
+ текст
Ред 77:
 
Забележете дека во теориите на струни тип IIA и тип IIB затворените струни се движат насекаде низ 10-димензионалниот време-простор, додека отворените струни имаат краеви поврзани со [[D-брани]]те, кои се мембрани од пониските димензии (нивните димензии се непарни — 1, 3, 5, 7 или 9 — во тип IIA и парни — 0, 2, 4, 6 или 8 — во тип IIB, вклучувајќи го и правецот на времето).
 
===Дополнителни димензии===
====Број на димензии====
Необичната карактеристика на теоријата на струните е дека предвидува дополнителни димензии. Во класичната теорија на струните бројот на димензии не е фиксен. За да се создаде конзистентна квантна теорија, теоријата на струните живее во време-простор на таканаречена „критична димензија“: мора да има 26 димензии на време-простор за [[бозонските струни]] и 10 за [[суперструни]]те. Современото сфаќање дека постојат помалку тривијални начини за да се задоволи овој критериум. Космолошките решенија постојат во повеќедимензионалноста, а овие различни димензии се поврзани преку динамични транзиции.<ref>Simeon Hellerman and Ian Swanson(2006): "[http://arxiv.org/abs/hep-th/0612051v3 Dimension-changing exact solutions of string theory]".; Ofer Aharony and Eva Silverstein(2006):"[http://arxiv.org/abs/hep-th/0612031v2 Supercritical stability, transitions and (pseudo)tachyons]".</ref>
 
Една таква теорија е [[М-теорија]]та за 11 димензии, т.е. време-простор кој има 11 димензии,<ref name="arxiv2">M. J. Duff, James T. Liu and R. Minasian [http://arxiv.org/abs/hep-th/9506126v2 Eleven Dimensional Origin of String/String Duality: A One Loop Test] Center for Theoretical Physics, Department of Physics, Texas A&M University</ref> како спротивност на трите просторни димензии и една (четврта) димензија на време. Првите теории на струни од 1980-те години опишуваат посебен случај на М-теоријата каде единаесеттата димензија е многу мал круг или линија, и ако овие формулации се земат како основи, тогаш теоријата на струните зборува за десет димензии. Но теоријата исто така опишува универзум како нашиов, со четири видливи димензии на време-простор, но и универзуми со 10 рамни димензии на простор, како и случаи каде позицијата на некои од димензиите не се опишува со цел број, туку со сосема различен тип на математички квантитет. И така, претставата за димензиите на време-просторот не е фиксна во теоријата на струните: различна е за различни околности.<ref>Polchinski, Joseph (1998). ''String Theory'', Cambridge University Press.</ref>
 
== Наводи ==