Теорија на струните: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
[[Image:World lines and world sheet.svg|right|thumb|300px|Взаемно дејство во субатомскиот свет: „линиите“ на честичките налик на точка во стандарден модел или „површината“ свиткана од затворени струни]]
 
Струните може да се расцепат и да се поврзат. Ова се одразува преку формата на нивната површина (нивната [[топологија]]). Пример, ако затворена струна се расцепи, нејзината површина ќе личи на една цевка што е расцепена (или поврзана) со две цевки (често како ''панталони'' — погледни го цртежот десно). Ако затворена струна се расцепи а подоцна нејзините два дела се спојат повторно, нејзината површина ќе личи на една цевка расцепена на две па повторно споена, што пак личи на набрекнување што спојува две цевки (едната ја претставува струната што доаѓа, а другата - онаа што заминува). Отворена струна која го прави истото ќе има површина која личи на прстен поврзан со две ленти.
 
Забележете дека процесот на расцепување (или здружување) на струните е глобален, не е локален: локално површината изгледа исто насекаде и не е да се разграничи една точка на површината каде се случило расцепувањето. Затоа овие процеси се интегрален дел од теоријата, и се опишани од истите динамици кои го контролираат модалитетот на струните.
 
Во некои од теориите на струните (имено, затворените струни во [[Тип I струна|Тип 1]] и некои верзии на [[теорија на бозонски струни|бозонските струни]]), струните може да се расцепат и повторно да се спојат во споритвен правец. Овие теории се наречени ''неориентирани''.
 
== Наводи ==