Теорија на струните: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ текст
Ред 29:
 
===Површината на светот===
Движењето на честичката може да биде опишано со цртеж на нејзината позиција (во едно или дводимензионален простор) наспроти времето. Сликата што се добива ја опишува линијата на честичката (неговата „историја“) во време-просторот. Преку аналогија, може да се создаде сличен графикон кој го опишува напредувањето на ''струната'' како поминува времето, а струната (едно-димензионален објект - мала линија - сама по себе) ќе ја обележи површината (дво-димензионален целина), позната како „Површината на светот“. Различните модалитети на струната (претставени со различни честички како што се [[фотон]]от или [[гравитон]]от) се површински бранови на оваа површина. Затворената струна личи на мал чвор, па неговата површина личи на цевка или дво-димензионална површина без краеви. Отворената струна личи на кратка линија, а нејзината површина личи на тракилента со краеви.
 
[[Image:World lines and world sheet.svg|right|thumb|300px|Взаемно дејство во субатомскиот свет: „линиите“ на честичките налик на точка во стандарден модел или „површината“ свиткана од затворени струни]]
 
Струните може да се расцепат и да се поврзат. Ова се одразува преку формата на нивната површина (нивната [[топологија]]). Пример, ако затворена струна се расцепи, нејзината површина ќе личи на една цевка што е расцепена (или поврзана) со две цевки (често како ''панталони'' — погледни го цртежот десно). Ако затворена струна се расцепи а подоцна нејзините два дела се спојат повторно, нејзината површина ќе личи на една цевка расцепена на две па повторно споена, што пак личи на набрекнување што спојува две цевки (едната ја претставува струната што доаѓа, а другата - онаа што заминува). Отворена струна која го прави истото ќе има површина која личи на прстен поврзан со две ленти.
 
== Наводи ==