Теорија на струните: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ текст
+ текст
Ред 26:
Теоријата на струните ги вклучува и двете: ''отворените'' струни, кои имаат две посебни краја, и ''затворените'' струни, кои прават целосен чвор. Овие два вида на струни се однесуваат за нијанса различно, и создаваат два различни спектруми. Пример, во повеќето теории на струните, еден од најзатворените модалитети на струните е [[гравитон]]от, а еден од отворените модалитети е [[фотон]]от. Бидејќи двата краја на отворена струна секогаш можат да се сретнат и да се поврзат, формирајќи на тој начин затворена струна, не постои теорија на струните без затворени струни.
 
Првиот модел на струни, бозонски струни, ги вклучувала само [[бозон]]ите. Овој модел ја опишува, во доволно ниски енергии, теоријата на [[квантната гравитација]], која исто така ги вклучува (ако ги употребиме и отворените струни) мерните полиња како фотонот. Како и да е, овој модел има проблеми. Што е уште поважно, теоријата има основна нестабилност, за која се верува дека е резултат на распаѓањето (барем делумното) на време-просторот. Понатаму, како што укажува името, спектрумот на честички содржи само бозони, кои како и фотоните, имаат специфични правила на однесување. Грубо кажано, бозоните се составен дел на [[радијација]]та, но не на материјата, која е создадена од фермиони. Истражувањата за тоа како може теоријата на струните да ги вклучи [[фермион]]ите во својот спектрум доведоа до воведување на [[суперсиметрија]], математичка врска меѓу бозоните и фермионите. Теориите на струни кои вклучуваат фермионски вибрации денес се познати како [[теорија на суперструни]], од кои неколку се објаснети, а за сите денес се смета дека се различни граници од [[М-теорија]]та. Некои квалитативни особини на квантните струни може да се сфатат многу едноставно. Пример, квантните струни се затегнати, налик на обичните струни од конец, а оваа затегнатост се смета за основен параметар на теоријата. Затегнатоста на квантните струни е во близок сооднос со нивната големина. Поради затворениот чвор на струната, оставена е да се движи низ просторот без надворешна сила. Нејзината затегнатост се собира во помали и помали чворови. Класичната интуиција сугерира дека може да се собере до точка, но ова би го прекришло принципот за несигурност на Хејзенберг. Карактеристичната големина на чворот од струната е баланс меѓу силата што затегнува, која делува да ја собере, и несигурниот ефект, кој ја држи струната „оптегната“. Поради тоа, најмалата големина на струната е во корелација со затегнатоста на струната.
 
===Површината на светот===
Движењето на честичката може да биде опишано со цртеж на нејзината позиција (во едно или дводимензионален простор) наспроти времето. Сликата што се добива ја опишува линијата на честичката (неговата „историја“) во време-просторот. Преку аналогија, може да се создаде сличен графикон кој го опишува напредувањето на ''струната'' како поминува времето, а струната (едно-димензионален објект - мала линија - сама по себе) ќе ја обележи површината (дво-димензионален целина), позната како „Површината на светот“. Различните модалитети на струната (претставени со различни честички како што се [[фотон]]от или [[гравитон]]от) се површински бранови на оваа површина.
 
== Наводи ==