Кочо Рацин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ја заменувам страницата со 'hahaha nisto nee tocno'
с Отстрането уредувањето на 77.28.111.217 (разговор), вратено на последната верзија на Raso mk
Ред 1:
{{Инфокутија за личност
hahaha nisto nee tocno
| име = Кочо Рацин
| портрет = Racin.jpg
| px = 200px
| опис =
| родено-име = Коста Апостолов Солев
|роден-дата = {{роден на|22|декември|1908}}
| роден-место = {{роден во|Велес|Отоманска империја}}
| починал-дата = {{починал на|13|јуни|1943}}
| починал-место = [[Лопушник]], [[Република Македонија|Македонија]]
| починал-причина = убиство
| наставка =
| наставка1 =
| наставка2 =
| познат =
| занимање = македонски книжевен деец и комунистички активист
| сопружник =
| родители =
| деца =
}}
'''Кочо Рацин''' ('''Koста Апостолов Солев Рацин''') ([[Велес]], [[22 декември]] [[1908]] - [[Лопушник]], [[13 јуни]] [[1943]]) бил македонски книжевен деец и [[Комунизам|комунистички]] активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „[[Бели мугри]]“ ([[Загреб]], [[1939]]) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика.
 
Презимето Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова - Раца. Рацин кратко време користел и друг синоним, Невен Пејко, кое го зеде од неговата втора љубов - Невенка Вуиќ.
 
== Живот ==
 
Кочо (Коста Солев) Рацин се родил во 1908 година, во Велес. Уште во детството ја запознава сиромаштијата. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи којзнае какво школско образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Кочо можел да добие одвај еден клас нижа гимназија и веќе на својата тринаесетта година бил присилен да му се посвети сосема на татковиот занает.
 
=== Активист во комунистичкото движење ===
 
Во [[1924]] станува член на [[СКОЈ]] и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на [[Сојуз на комунистите на Југославија|Комунистичката партија на Југославија]] во Македонија. Во [[1926]] станува дописник на весникот „Организовани радник“, орган на Независните работнички синдикати на Југославија, кој е под влијание на КПЈ. Во 1926 Рацин станува и член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември [[1928]] учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во [[Дрезден]], како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но, набрзо, во април 1929 заминува на отслужување на воениот рок во [[Пожаревац]].
 
По воведувањето на [[диктатура]]та во Југославија во [[1929]], партиската организација во Македонија е целосно разбиена. Дури во [[1932]] започнува процесот на обновување и поврзување на организациите на КПЈ и СКОЈ во Македонија, а во август [[1933]] се создава и Областен комитет на КПЈ за Македонија, во чиј состав влегуваат: [[Никола Оровчанец]], Кочо Рацин и [[Живоин Ќурчиќ]]. Од ноември истата година ОК започнува да го издава месечниот весник „Искра”, чиј уредник е Рацин. Излегуваат само два броја на весникот, бидејќи на почетокот на јануари [[1934]] се случува провала во која се уапсени 15 македонски комунисти, вклучително и Рацин. Рацин е подложен на дури 42 испрашувања, при што морал да признае многу од она што не смеел да го каже.<ref>Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 107 стр.</ref> Во септември истата година Рацин е осуден на четири години робија во [[Сремска Митровица]], но таму останува околу една година. Имено, во декември 1935, по донесувањето на закон за амнестија, е ослободен. Времето поминато во затворот за него всушност претставува период на учење. Меѓу другото, со останатите затвореници Македонци се обидува да состави речник на македонскиот јазик и учествува во преводот на „[[Комунистички манифест|Комунистичкиот манифест]]“ на македонски јазик.
 
=== Подем и пад: „Бели мугри“ и исклучување од Партијата ===
 
По излегувањето од затвор Рацин бележи особена творечка активност, која ќе кулминира во [[1939]] година кога ја објавува својата стихозбирка „[[Бели мугри]]“. Во меѓувреме пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, философијата и историјата што од него ќе направат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител на просторите на бивша [[Југославија]].
 
Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат силен удар во [[1940]] година кога има нарушување на односите помеѓу Рацин и раководството на КПЈ во Македонија. Поради посетата на Рацин на Александар Цветковиќ, тогашен [[бан]] на [[Вардарска бановина|Вардарската бановина]] и поради една критичка изјава на Рацин на сметка на работата на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана на [[8 септември]] [[1940]] (на која [[Методија Шаторов - Шарло]] е избран за секретар на ПК КПЈ за Македонија), Рацин едногласно е исклучен од Партијата и на членовите на Партијата им е наредено да го бојкотираат. Бојкотот трае до март [[1942]] кога односите помеѓу Рацин и раководството на Партијата во Македонија се подобруваат.
 
При нападот врз Југославија од [[Сили на Оската|Силите на Оската]], Рацин е на кумановскиот фронт, на месноста [[Страцин]], каде и е заробен од страна на Германците. Заедно со другите заробеници е спроведен во воениот логор во Куманово. Ценејќи ја личноста на Рацин, партиската организација на Куманово организира бегство на Рацин од логорот.{{факт}} По бегството, Рацин еден период работи во [[Софија]] и живее заедно со својот сограѓанин [[Коле Неделковски]], но по неговата смрт се враќа во Скопје. Во Скопје е уапсен од страна на бугарската полиција и интерниран во селото [[Корница]], [[Неврокоп|Неврокопско]]. Во [[1943]] година Рацин повторно успева да се врати во Скопје.
 
=== Вклучување во НОБ и загинување ===
На [[5 мај]] [[1943]] година Рацин тргнува од Скопје во партизани, со група од 8-мина, меѓу кои е и [[Добривое Радосавлевиќ]].<ref>[http://slovoto.hit.bg/racin/biografija.html Коста Църнушанов „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, София 1992, с. 235-237.]</ref> По пристигнувањето во [[Мавровско-Гостиварски НОПО Кораб|одредот „Кораб”]] станува уредник на партизанскиот весник „[[Илинденски пат]]” и подготвува две збирки на македонски народни песни.
 
Но, набрзо, Рацин загинува. Вечерта<ref>Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 393 стр.</ref> на 13 јуни, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, [[Кичево|Кичевско]], смртоносно бил застрелан од Мино Миновски, партизанот кој го чувал пристапот кон печатницата. Според податоците кои ги наведува [[Перо Коробар]], при тоа Рацин бил на триесеттина метри подолу од него, а партизанската база се наоѓала на 300-400 метри од печатницата.<ref>Перо Коробар „Трагичниот крај на поетот-револуционер Кочо Рацин“ во „Творечкото и револуционерно живеење на Кочо Рацин“, Десетти Рацинови средби, Титов Велес, 1973, 235 стр.</ref>
 
Има две верзии околу смртта на Рацин. Според првата, станува збор за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој е намерно убиен. Според некои наводи, [[Страхил Гигов]] политички го изолирал Рацин и го организирал неговото убиство,<ref>[http://star.vest.com.mk/default.asp?id=134249&idg=7&idb=2051&rubrika=Revija Вест, 21.4.2007: „Половина век борба на Виктор Аќимовиќ за вистината за Македонија“]</ref> а сомнежи дека се работи за наместен случај фрла и податокот дека Рацин, пред заминувањето во партизани и на патот до партизанскиот одред, веројатно влегол во судир со [[Добривое Радосавлевиќ]], како и податокот според кој на Рацин му бил одземен пиштолот додека бил во партизанскиот одред.<ref>Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 423-424 стр.</ref>
 
== Творештво ==
[[Податотека:Mugri.jpg |thumb|150px|Бели мугри]]
Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза, историски списи, философски списи, литературна критика и есеи. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со својата стихозбирка „Бели мугри“, објавена во Загреб, 1939. Неговите придонеси и во останатите области се важни, но тие главно се во сенка на неговото поетско творештво.
 
=== Поезија ===
 
Рацин започнува да пишува поезија во [[1928]] година. Од февруари до јули на својата љубов [[Рахилка Фирфова]] ѝ ги посветува своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во ракопис. Картичките денес се чуваат во Архивот на Македонија. Песните главно се напишани на [[српскохрватски јазик]], освен шест, кои се напишани на [[бугарски јазик|бугарски]] („Разнеженост“, „Рухнаха се надеждите мои“, „Плач в безмощие“, „Все пак...“, „Мечти в полунощ“, „И пак тъга раздира ми гърдите“). Истата година во двобројот за октомври-ноември на загрепското списание „Критика“ е објавена неговата прва песна, „Синови глади”, напишана на српскохрватски јазик. Од мај до октомври [[1930]] година во сараевското списание „Снага” објавува четири песни: „Из фабрике”, „У предвечерје”, „Челичном строју” и „Бити човек”. Во [[1932]] година во [[Скопје]] Рацин објавува заедничка стихозбирка со студентите на Философскиот факултет во Скопје, Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ, на српски јазик под наслов „1932“. Во оваа збирка е објавена една од Рациновите најсилни песни „Ватромет”. Следна песна која ја објавува Рацин е песната „До еден работник”, која е прва песна на Рацин на македонски јазик, а ја објави загрепското списание “Књижевник” во [[1936]] година. Во 1937 година, по повод загинувањето на велешанецот [[Ганчо Хаџипанзов]] во [[Шпанска граѓанска војна|Шпанската граѓанска војна]], ќе ја напише „Испанска балада“, а во [[1938]] година ја објавува песната „Смрт астуриског рудара“.
 
Најголемиот успех го постигнува во [[1939]] година со стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна [[Југославија]] и во [[Пиринска Македонија]], постигнувајќи голем успех. Во овој оддел може да се спомне и збирката „Македонски народно-ослободителни песни“ која Рацин ја објавува мај [[1943]], во партизани, но на која тој е уредник, но не и автор.
 
=== Проза ===
 
Рациновиот прв објавен прилог е неговата прозна исповест „Резултат“, објавена во двобројот за август-септември [[1928]] на загрепското списание „Критика“. Во [[1932]] година учествува на конкурсот на загрепската „Литература” и е награден за својот расказ „У каменолому“, кој подоцна е и објавен во ова списание. Во [[1933]] истото списание објавува фрагменти од неговиот роман „Опиум“ (преведен како „Афион“ на македонски). Овој роман Рацин почнал да го пишува околу [[1931]] година, но ракописот настрадал при провалата и апсењето на Рацин. Другите раскази на Рацин се: „Тутуноберачи“ (1937), „Пладне“ (1937), „Еден живот“ (1937), „Златен занает“ (1939), како и „Татко“ и „Радоста е голема“, кои се објавени постхумно.
 
=== Историја ===
 
Од историјата Рацин покажа посебен интерес за [[Богомилство|богомилското движење]] и напиша три трудови посветени на него: „Драговитските богомили“, „Богомилите“ и „Селското движење на богомилите во Средниот век“. Од овие три, во текот на Рациновиот живот е објавен само „Селското движење...“, во [[1939]] година во списанието „Народна читанка“, а трудот „Богомилите“ е напишан на македонски јазик.
 
Овие Рациновите трудови за богомилите се одликуваат со значителен квалитет на проучувањето на материјата, при што самата материја доста студиозно е обработена, а не изостануваат и неколку доста продорни тези кои се посебно интересни. Меѓу нив посебно вреди да се одбележи Рациновата теза дека „богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историја“ („Богомилите“). Важно е да се нагласи и податокот дека Рацин е првиот Македонец што го проучувал богомилското движење..
 
=== Философски прилози ===
 
Квалитетот и способностите на овој самоук работник најдобро го покажува неговото интересирање за [[Хегел]]овата философија. Настрана од фактот дека философијата на Хегел се одликува со посебна сложеност, позитивно изненадува и податокот дека Рацин се интересираше за овој германски идеалистички философ во времето кога овој [[Карл Маркс|Маркс]]ов учител во услови на растечка догматизација на комунистичкото движење под притисок на [[Сталин]] не беше на голема цена.
 
Рацин објавува две статии посветени на Хегел. Првата, насловена „Хегел“ е објавена по повод 100-годишнината од смртта на германскиот философ, во декември [[1931]] година, во загрепската „Литература“. Втората статија, „Значењето на Хегеловата философија“, е објавена во белградската „Нова култура“ во [[1939]] година. Посебен куриозитет е што овие Рацинови статии за Хегел се можеби првите философски статии на некој македонски автор.
 
=== Литературна критика ===
 
Од областа на литературната критика Рацин ги напишал следните трудови и статии: „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ (1940), „Анѓелко Крстиќ пред судот на Ж. Пламенац“ (1939) и Реализмот на А. Крстиќ“ (постхумно), „Блазираните глупости за насмевката на Мона Лиза“ (1939) и „Уметноста и работничката класа“ (постхумно).
 
== Во чест на Рацин ==
 
[[Податотека:Kočo Racin Samobor.jpg|thumb|250px|right|Споменик на Кочо Рацин во [[Самобор]], [[Хрватска]]]]
Во чест на Кочо Рацин од [[1964]] година во Велес се одржува поетската манифестација „Рацинови средби“, која од [[1992]] стана поетска манифестација на балканско ниво.
 
Родната куќа на Рацин во Велес во [[1956]] година е претворена во спомен - музеј.
 
Во [[1952]] година [[Трајче Попов]] ја снима филмска поема „Бели мугри“ врз основа на стиховите од истоимената Рацинова стихозбирка, а во [[2007]] година, на денот на загинувањето на Рацин е промовиран филмот „[[Елегија за тебе (филм)|Елегија за тебе]]“, авторски проект на [[Васил Зафирчев]] и [[Данчо Стефков]].
 
== Надворешни врски ==
* [[:s:Автор:Коста Солев Рацин|Кочо Рацин]] на Викиизвор
* [http://www.marxists.org/makedonski/racin/index.htm Архива на Кочо Рацин на Македонската марксистичка архива]
* [http://www.pelister.org/Racin/index.html Архивска граѓа на фондот Кочо Рацин во МАНУ]
* [http://www.tirekovmirece.com/racin/ Биографија и дела]
* [http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=81&tid=1409 Биографија и слики на Кочо Рацин]
* [http://www.gbiblsk.edu.mk/adm/images/Pesni_Racin.pdf Издание на Рациновите песни од 1946 година<small>преземи во PDF фаjл</small>]
* [http://makedonija.rastko.net/delo/12472 Васил Тоциновски „Кочо Рацин - наша творечка и етичка мерка“]
* [http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2783&stID=56908&pdate=20050613 Страхил Гигов во куќата на Кочо Рацин]
* [http://www.marxists.org/makedonski/tematska/poezija/lenka.mp3 „Ленка“ (MP3) во изведба на Зафир Хаџиманов]
* [http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=29&Itemid=54&limit=1&limitstart=1 Велес - Втора светска војна и по неа]
* [http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=403&ArticleID=16881 Да се биде на Лопушник]
 
== Наводи ==
{{reflist}}
{{Македонска Литература}}
{{Избрана}}
{{DEFAULTSORT:Рацин, Кочо}}
[[Категорија:Македонски писатели]]
[[Категорија:Партизани]]
[[Категорија:Македонски комунисти]]
[[Категорија:Велешани]]
 
[[bg:Кочо Рацин]]
[[en:Kočo Racin]]
[[eo:Koĉo Racin]]
[[fr:Kotcho Ratsin]]
[[hr:Kočo Racin]]
[[it:Kočo Racin]]
[[ru:Кочо Рацин]]
[[sr:Коста Рацин]]