Разлика помеѓу преработките на „Горноџумајски случувања“

* Четата на струмичкиот војвода Милан Пустоларски, добила задача заедно со една бугарска воена единица да се упати кон селото Препечино, во близина на [[Петрич]], за да ги фати и убие атентаторите на Тодор Александров, војводите [[Штерју Влахов]] и [[Динчо Вретенаров]]. Четниците и војската ја заобиколиле куќата во која биле убијците на Александров, при што се развила жестока престрелка во која за да се принудат Влахов и Вретенаров иа предавање бил запален кровот на куќата во која тие биле засолнети. Откако куќата веќе сериозно била зафатена од пламенот, се слушнале истрел од револвер и експлозија на бомба. Куќата целосно изгорела и потоа се утврдило дека Штерју Влахов се самоубил со истрел во устата, а Динчо Вретенаров си го одзел животот со бомба. Нивните тела не биле закопани, туку од страна на четниците и војниците биле фрлени во реката [[Струма]].
 
* На [[17 септември]] 1924 година на падините на Пирин планина бил убиен [[АрсенијЈовков]], еден од раководителите на [[Илинденската организација]] и уредник на весникот "[[Илинден (весник)|Илинден]]". Во масовните убиства што ВМРО ги спровела над припадниците на македонската левица биле направени обиди за убиства врз повеќе членови на Илинденската организација, при што некои од нив, како [[Петар Ацев]] и [[Владо Георгиев]], успеале да се скријат. [[Георги Занков]] и Арсениј Јовков во нивната намера да побегнат се упатиле кон градот [[Дупница]]. Притоа Занков успеал да побегне во странство, во [[Виена]], додека Арсениј Јовков, којшто бил крупен човек по природа, не можејќи да бега бил пристигнат од неговите гонители и бил егзекутиран.
*
 
== Извори ==