Динчо Вретенаров: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за личност | име = Динчо Вретенаров | портрет = | px = 150п ...
(нема разлика)

Преработка од 08:54, 22 септември 2011

Динчо Вретенаровв, со псевдоним Кескинов, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, тој е физичкиот убиец на Тодор Александров.

Динчо Вретенаров
Роден ?
Спатово, Македонија
Починал 15 септември 1930
Генерал Тодоров (Петричко), Бугарија

Биографија

Динчо Вретенаров е роден во Спатово, тогаш во Османлиската империја, денес Кимиси, Грција. По 1919 година учествува во основањето на ВМРО во Петричко. На 27 август 1921 година заедно со Штеријо Влахов го убиваат петричкиот окружен управник Борис Козлев, по што стануваат нелегални. Станува околиски војвода во Мелничко. На крајот на август 1924 година Штеријо Влахов и Динчо Вретенаров го извршуваат убиството на Тодор Александров во Пирин. Основната претпоствка е дека двајцата ја извршиле наредбата на Алеко Василев и Георги Атанасов, а според други убиството е спонтан израз на стравувањата на Штеријо Влахов да се елиминираат без пресуда [1].

Наводи

  1. Гаджев, Иван. „Иван Михайлов - отвъд легендите“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Св. Климен Охридски“, стр. 396-397